4 Царства 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Азарија, цар на Јудеја(2 Лет 26,3-4.21-23)

1Јудејскиот цар Азарија, синот на Амасија, стана цар во дваесет и седмата година од владеењето на изра­илскиот цар Јеровоам.

2Тој беше на шеснаесет години кога стана цар, и педесет и две години царуваше во Ерусалим. Мајка му се викаше Јехолија, од Ерусалим.

3Тој го правеше она што беше пра­вилно во очите на Господ, токму како што постапуваше татко му Амасија.

4Само идолските светилишта не беа урнати: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.

55,27Господ го порази царот, и тој беше болен од лепра до денот на својата смрт и живееше во посебен дом. А царевиот син Јотам беше управник над царскиот дворец и му судеше на народот во земјата.

6Другите дела на Азарија и сѐ што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.

7Ис 6,1И почина Азарија кај своите предци, и го погребаа кај неговите предци во Давидовиот град. На негово место се зацари неговиот син Јотам.

Захарија, цар на Израил

8Захарија, синот на Јеровоам, стана цар над Израил во Самарија во триесет и осмата година од владеењето на јудеј­скиот цар Азарија и царуваше шест месеци.

9Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, како што правеа неговите предци: не отстапува­ше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израил.

10Селум, синот на Јавеш, се побуни против него, го удри пред народот и го уби, па стана цар место него.

11Другото за Захарија е опишано во летописите на израилските цареви.

12Такво беше словото на Господ што Тој му го беше кажал на Јуј, велејќи: „Синовите твои ќе седат на израилскиот престол до четвртото колено.“ Така и стана.

Селум, цар на Израил

13Јавешовиот син Селум стана цар во триесет и деветтата година од владее­њето на јудејскиот цар Азарија и царуваше во Самарија еден месец.

14Тогаш Менаим, синот на Гадиј, тргна од Тирца, и дојде во Самарија, го собори Јавешовиот син Селум во Сама­рија, го усмрти и стана цар место него.

15Другите работи на Селум и побуната негова што тој ја изведе, опишани се во летописите на израилските цареви.

16Менаим ја разори Тифса и сите што беа во неа и во нејзините предели, поч­нувајќи од Тирца, поради тоа што жителите на градот не му ги отворија портите. Та го разори, и сите бремени жени во него ги распори.

Менаим, цар на Израил

17Менаим, синот на Гадиј, стана цар над Израил во триесет и деветтата година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше десет години во Самарија;

18тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ; не отста­пуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го наведуваше во грев Израил, во текот на сите негови денови.

19Тогаш асирскиот цар Пул ја нападна земјата Израилева. И Менаим му даде на Пул илјада кикари сребро за да му помогне да го зацврсти царството во своја рака.

20Менаим го зеде тоа сребро од Из­раилците, од сите богати луѓе, по педе­сет шекели сребро од секој човек за да ги даде на асирскиот цар. Така се врати назад асирскиот цар, и не остана таму во земјата.

21Другите дела на Менаим и сѐ што тој беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви.

22И почина Менаим кај своите предци. На негово место се зацари неговиот син Факија.

Факија, цар на Израил

23Факија, синот на Менаим, стана цар над Израил во Самарија во педесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше две години.

24И тој го правеше, она што не беше угодно пред очите на Господ; не отста­пуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел Израил во грев.

25Против него се побуни Факиј, синот на Ремалија, негов дворјанин, и го на­падна во Самарија, близу царскиот дом, со Аргов и Арје. Со себе имаше и педе­сет мажи од Галаад. Го уби и се зацари на негово место.

26Другите работи на Факија и сѐ што беше извршил, опишани се во лето­писите на израилските цареви.

Факиј, цар на Израил

27Ремалиевиот син Факиј стана цар над Израил во Самарија во педесет и втората година од владеењето на јудеј­скиот цар Азарија и царуваше дваесет години;

28Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ: не от­стапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израил.

2916,9; 17,6.23-24; 18,11.32; 24,14-16; 25,11Во дните на израилскиот цар Факиј дојде асирскиот цар Тиглат-Пилесер, го презеде Ијон, Авел-Бет-Мааха, Ја­ноах, Кедес, Асор, Галаад, Галилеја и целата Нефталимова земја, и ги пресели жителите нивни во Асирија.

30Осија, синот на Ила, се побуни против Ремалиевиот син Факиј, го удри и го уби, па стана цар место него во дваесеттата година од владеењето на Јотам, синот на Озија.

31Другите дела на Факиј и сѐ што тој беше направил, опишани се во лето­писите на израилските цареви.

Јотам, цар на Јудеја(2 Лет 27,1-3.7-9)

32Јотам, синот на јудејскиот цар Озија, стана цар во втората година на Рамалиевиот син Факиј, цар израилски.

33Тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години. Мајка му се викаше Јеруша, ќерка на Садок.

34Само тој го правеше она што беше правилно пред очите на Господ: во сѐ постапуваше така, како што постапуваше неговиот татко Озија.

35Но идолските светилишта не беа срушени: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. Тој ги изгради горните порти кај домот Господов.

36Другите дела на Јотам и сѐ што тој беше направил, опишани се во лето­писите на јудејските цареви.

3716,5; Ис 7,1Во тие денови Господ почна да го испраќа во Јудеја арамејскиот цар Рецин и Рамалиевиот син Факиј.

38И почина Јотам кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во градот на својот предок Давид. А на негово место се зацари неговиот син Ахаз.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help