Псалми 96 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 96Радоста на Сион

1 92,1; 95,10-11; 98,1 Господ се зацари: нека се радува Земјата; нека се веселат многубројните острови.

284,10-13; 88,14; 95,6; 5 Мојс 4,11; 5,21; 2 Цар 22,12; Изреки 16,12; 24,5Облак и мрак е околу Него; праведност и правда се основа на Неговиот престол.

317,8; 49,3Пред Него оган врви и ги гори не­пријателите Негови наоколу.

476,18Неговите молњи ја осветлуваат вселената; Земјата гледа и трепери.

521,14; 67,2; 96,7; Суд 5,5; Мих 1,4; Јудита 16,18Горите се топат како восок од лицето на Господ, од лицето на Господ, по целата Земја.

649,6Небесата ја разгласуваат Неговата праведност, и сите народи ја гледаат Неговата слава.

795,5; 114,4-8; 134,15-18; Ис 1,29; 40,18-20; 41,5-6; 44,8-19; 46,4-6; Ер 2,27-28; 9,23-25; Авак 2,18-19; Посл 1,25.38Нека се засрамат сите, кои се покло­нуваат на ликови, кои се фалат со сво­и­те идоли. Поклонете Му се сите „бо­го­ви.“

847,11Чу Сион и се зарадува, се веселат ќерките Јудини заради Твоите пресуди, Господи,

982,18; 94,3; 95,4; 2 Лет 2,6зашто Ти си, Господи, Севишен на целата Земја, повисок си од сите бо­го­ви.

10Амос 5,15; Изреки 2,9Господ ги сака оние што го мразат злото. Ја чува Господ душата на Своите светии; од раката на нечестивите ќе ги избави.

114,6; 35,9; 111,4; Ис 5,30; 9,1; 41,15; 57,9Светлина засветли над праведниот, а за правите по срце – радост.

1229,4; 31,11Радувајте се, праведни, во Господ и славете го Неговото свето име.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help