2 Летописи 23 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бунт против Готолија(4 Цар 11,4-16)

1Но во седмата година Јехојада се охрабри и ги зеде во сојуз со се­беси стоначалниците, Азарија, синот Јерохамов, Исмаил, синот Јехохананов, Азарија, синот Овидов, Маасејаху, си­нот Адаев, и Елишафат, син Зихријев.

2Тие ја обиколија земјата Јудина, ги собраа левитите од сите страни на Ју­деја и израилските старешини на тат­ковските домови и дојдоа во Ерусалим.

32 Цар 7,12; 3 Цар 2,4И целото собрание склучи сојуз со царот во домот Божји. И Јехојада им рече: „Еве, царскиот син треба да биде цар, како што рече Господ за синовите Давидови.

4Еве, што ќе направите: едната тре­тина од вас, свештениците и левитите, што доаѓаа во сабота, нека бидат вра­тари кај праговите,

5втората третина – кај царскиот дом, третата третина – кај портите на Јесод, а сиот народ нека биде во тремовите на домот Господов.

6Зах 3,7И никој да не влегува во домот Гос­подов, освен свештениците и оние од левитите, што служат. Тие можат да влезат, зашто се осветени; а сиот народ нека се придржува кон наредбите Гос­подови.

7И левитите нека го опколат царот од сите страни, секој со оружје в рака, и кој ќе влезе во домот Господов, да биде убиен. И бидете со царот, каде и да влезе или излезе.“

81 Лет 24,1Левитите и сите Јудејци направија така како што заповеда свештеникот Јехојада; и секој си ги зеде своите луѓе, што доаѓаа во сабота, заедно со оние, што си заминуваа во сабота, зашто свештеникот Јехојада не ги распушти смените.

9Свештеникот Јехојада им ги раздаде на стотниците копјата и малите и големите цар Давидови штитови, што беа во Божјиот дом;

10и го постави сиот народ, секој со оружје свое во рацете, од десната стра­на на храмот кај жртвеникот и кај домот околу царот.

115 Мојс 17,18Тогаш го изведоа царскиот син, му ставија круна и го прогласија за цар; го помаза Јехојада и синовите негови и из­вика: „Да живее царот!“

12Кога го чу Готолија гласот на раз­движениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господов

133 Цар 1,41; 7,15и виде: ете царот стои на своето возвишено место кај влезот, а кај царот – началници и труби, и сиот народ на таа земја се весели, трубат со труби и со свирки, пејачи вешти во славословење. Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: „Предавство! Предавство!“

14Тогаш свештеникот Јехојада ги повика стоначалниците кои началствуваа над војската, и им рече: „Изведете ја надвор од храмот, и кој ќе тргне по неа да биде убиен со меч. Зашто свештени­кот рече: не ја убивајте во домот Гос­подов.“

15Ер 31,40И ѝ направија пат; а кога таа дојде до влезот на Коњската Врата на цар­скиот дом, ја убија таму.

Реформите на Јехојада(4 Цар 11,17-20)

16Јехојада воспостави завет со целиот народ и со царот, за да бидат народ Гос­подов.

175 Мојс 13,5-8И целиот народ отиде во храмот на Ваал, та го разруши, и жртвениците не­гови и идолите негови ги разрушија, а Матан, Вааловиот свештеник, го убија пред жртвениците.

181 Лет 23,6.28-32И Јехојада ги постави службите на Господовиот дом во рацете на левитските свештеници и ги обнови дневните свештенички и левитски смени, како што ги беше распоредил Давид во до­мот Господов, да Му принесуваат сепаленица на Господ, како што е напишано во законот Мојсеев, со радост и пеење, според Давидовата уредба.

191 Лет 9,22И постави вратари кај вратата на домот Господов, за да не влегува никој нечист од што и да било.

204 Цар 15,35И ги зеде стоначалниците и велмо­жите, началниците народни и целиот народ на земјата и сите го придружуваа царот од домот Господов; тие минаа низ горната врата во царскиот дом и го ставија царот да седне на царскиот престол.

21И се веселеше целиот народ на таа земја и градот се успокои, откако Гото­лија ја убија со меч.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help