2 Летописи 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Говорот и молитвата на Соломон(3 Цар 8,12-21)

1 2 Мојс 19,9 Тогаш Соломон рече: „Господ беше рекол дека ќе благоволи да престојува во темен облак,

2Пс 134,21; 1 Езд 6,12; 7,15но јас, на Твоето свето име Му изградив дом на Твоето живеалиште, место за Твоето вечно престојување.“

3И го сврте царот лицето свое, та го благослови сето собрание на Израил­ците – сето собрание на Израилците стоеше,

4па рече: „Нека е благословен Гос­под, Бог Израилев, Кој го изврши сега со светата рака Своја она, како што го беше рекол со устата Своја на татко ми Давид, велејќи:

5‚од оној ден, кога го изведов Мојот народ од египетската земја, Јас од ниедно Израилево племе не избрав град за да изградам дом, каде што ќе при­суствува името Мое, ниту избрав маж што ќе биде водач на Мојот народ Израил.

62 Мојс 20,24; 5 Мојс 12,5; Ис 14,1Туку го избрав Ерусалим, та името Мое таму да престојува, го избрав Да­вид, тој да биде над Мојот народ – Израил.‘

71 Цар 10,7; 1 Лет 17,2; Дела 7,46Татко ми Давид имаше на срце да изгради дом за името на Господ, Бог Израилев,

8но Господ му кажа на татко ми Давид: ти имаш на срце да изградиш храм за името Мое; добро е, што ти е тоа на срце.

9Меѓутоа, ти нема да изградиш храм, туку твојот син, што ќе произлезе од бедрата твои, – тој ќе изгради храм за името Мое.

10И Господ го исполни словото што го беше изрекол; јас стапив на местото на мојот татко Давид, седнав на прес­толот израилски, како што рече Господ, и изградив дом за името Господово, Израилевиот Бог.

115 Мојс 10,2; Пс 24,10Го положив таму ковчегот, во кој е заветот на Господ, што го беше склучил со синовите Израилеви.“

Молитвата на Соломон(3 Цар 8,22-53)

12Па застана Соломон пред жртвени­кот Господов, пред сето собрание на Израилците, ги крена рацете –

13Пс 94,6; Неем 8,4зашто Соломон беше направил ба­карно подножје, долго пет лакти, ши­роко пет лакти и високо три лакти, и го беше поставил среде дворот; застана на него, падна на колена пред сето соб­рание на Израилците, ги крена рацете кон небото –

142 Мојс 15,11; 5 Мојс 7,9и рече: „Господи, Боже Израилев! Нема Бог, сличен на Тебе, ниту на небо­то, ниту на земјата. Ти го пазиш заветот и милоста кон слугите Свои, кои одат пред Тебе со сето свое срце;

151 Лет 22,10Ти го исполни кон Својот слуга Да­вид, мојот татко, она, што го беше го­во­рел; она, што беше го изрекол со устата Своја, денес го исполни со раката Своја.

162 Цар 7,13; Пс 131,12И сега, Господи, Боже Израилев, исполни му го на Својот слуга Давид, мојот татко, она, што му го рече, велеј­ќи: нема да снема маж, што ќе седи пред лицето Мое на престолот израил­ски, само ако твоите синови внимаваат на патиштата свои, одејќи по Мојот закон така, како што одеше ти пред Мене.

17А сега, Господи, Боже Израилев, нека се потврди словото Твое, што му го кажа на Својот слуга Давид!

18Ис 40,22; Пс 10,4; Откр 21,3Навистина, Бог ли ќе живее со луѓето на земјата? Ако небото и небесата Твои не Те собираат, дотолку помал­ку ќе Те собере овој храм, што сум го изградил.

19Но погледни милостиво кон молитвата на Твојот слуга и кон молбата негова, Господи, Боже мој! Чуј го пови­кот и молитвата, со која Твојот слуга се моли пред Тебе.

202 Мојс 3,16; 5 Мојс 12,11Нека бидат очите Твои отворени кон овој храм дење и ноќе, кон местото, во кое си ветил дека го ставаш името Свое, за да ја слушаш молитвата, со која слугата Твој ќе се моли на ова место.

21Чуј ги молбите на Твојот слуга и на Твојот народ Израил, со кои ќе се мо­лат на ова место; чуј од местото на Твоето живеалиште, од небесата, чуј и смилувај се!

22Кога некој ќе згреши против ближ­ниот свој, и ќе побараат од него заклетва, за да се заколне, и таа заклетва биде извршена пред Твојот жртвеник во овој храм,

23Ис 3,11; Мт 16,27тогаш чуј од небото и изврши суд над Своите слуги, подај му на винов­никот, и товарејќи му ја постапката негова врз главата негова; а оправдај го правиот, давајќи му според правдата негова.

243 Мојс 26,17Кога Твојот народ Израил ќе биде поразен од непријателот, затоа што згрешил пред Тебе и кога тој ќе се сврти кон Тебе, и ќе го исповеда името Твое со молба и молитва пред Тебе во овој храм,

25чуј тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израил и врати го во земјата, што си му ја дал нему и на неговите предци.

263 Мојс 26,19; 5 Мојс 11,17; 28,24; 2 Цар 1,21Кога ќе се заклучи небото и ќе снема дожд, затоа што згрешил пред Тебе, и ќе се помолат на ова место, ќе го исповедаат името Твое и ќе се одвратат од своите гревови, затоа што си ги понизил,

27чуј тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ Израил, покажувајќи им го доб­риот пат, по кој треба да одат; и ис­прати дожд врз Твојата земја, што си му ја дал на народот Свој во наследство.

28Ако биде глад во земјата или помор, огнен ветар или гламја, скакулци или гасеници, или ако го притиснат непријателите негови во земјата, што ја владее, некое зло ако се случи или некаква болест,

29секоја молитва, секоја молба од кој и да било човек, или од сиот народ Твој Израил, кога секој ќе ја почувствува не­волата своја и тагата своја и ќе ги пода­де рацете кон Твојот храм,

301 Цар 2,3; Пс 7,8чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и прости и подај му на се­кого според сите патишта негови, како што го познаваш срцето негово, – зашто само Ти ги познаваш срцата на сино­вите човечки, –

315 Мојс 6,13; Пс 33,6.8; 103,11за да имаат страхопочит кон Тебе и да одат по Твоите патишта во сите дни, додека живеат на земјата, што си им ја дал на нивните предци.

32Дури и туѓинецот, што не е од Твојот народ Израил, кога ќе дојде од далечна земја поради Твоето големо име, Твојата моќна рака и Твојата сил­на мишка – дојде и се помоли во овој храм,

332 Мојс 12,43чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и направи сѐ, за кое туѓи­нецот ќе Те повика, та сите земни наро­ди да го спознаат Твоето име и да имаат страхопочит кон Тебе, како и Твојот народ Израил, и да знаат дека Твоето име се повикува над овој дом, што јас го изградив.

345 Мојс 28,7; 1 Лет 5,20Кога Твоите луѓе ќе излезат во вој­на против непријателите свои по патот, по кој ќе ги испратиш Ти, и Ти се помолат, свртувајќи се кон храмот, што го изградив на Твоето име,

35тогаш послушај ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи им го она што е таму потребно.

36Ер 13,23; Пс 142,2; Јов 11,12; 15,14Кога ќе згрешат пред Тебе, – зашто нема човек што не греши, – и Ти ќе им се разгневиш и ќе ги предадеш на не­пријателите, и оние, што ги заробиле, ги одведат во далечна или блиска земја,

37Ис 58,3; Ер 24,7; 29,13кога во земјата, во која ќе бидат заробени, ќе дојдат на себеси, ќе се свртат и ќе Ти се помолат во земјата на своето ропство, велејќи: ‚згрешивме, направивме беззаконија и неправди‘,

38и се свртат кон Тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ќе бидат одведени во плен, и се помолат, свртувајќи се кон земјата своја, што си им ја дал на нивните предци, и кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив за Твоето име, –

39тогаш чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, чуј ја молитвата нивна и молбата нивна, и направи го она што им е потребно, и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе.

407,15; 3 Цар 8,52; Ис 37,17; Пс 16,6; 129,2; Неем 1,6.11Боже мој, очите Твои нека бидат отворени и ушите Твои внимателни кон молитвата на ова место!

41Ис 33,10; Пс 3,6; 131,8.9.16; 1 Лет 28,2И сега, Господи Боже, застани во Твоето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата сила. Твоите свештеници, Гос­поди Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите верни чеда да се радуваат во добрините.

42Ис 54,3; Пс 2,2; 131,10Господи Боже, не одвраќај го лицето од помазаникот Свој, присети се на милостите ветени кон Својот слуга Давид!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help