1 2 Цар 3,2-5 14,3 Синовите на Давид, што му се родија во Хеврон, беа: првенецот Амнон, од Ахиноама, Јизреелка; вториот – Даниил, од Авигеја, Кармилка;
2третиот – Авесалом, син од Мааха, ќерка на Гесурскиот цар Талмај; четвртиот – Адонија, син на Хагита;
3петтиот – Сафатија, од Авитала; шестиот – Јитреам, од жена му Егла –
42 Цар 2,11; 5,5шестина што му се родија во Хеврон; тој царуваше таму седум години и шест месеци; а триесет и три години царуваше во Ерусалим.
514,4-7; 2 Цар 5,14-16Овие, пак, му се родија во Ерусалим: Шима, Шовав, Натан и Соломон – четворица од Шуевата ќерка, ќерката Амиелова;
6Јивхар, Елишуа, Елифелет.
7Ногах, Нефег, Јафија,
8Елишама, Елијада и Елифелет – деветмина.
92 Цар 5,13; 13,1Тоа се сите синови Давидови, освен синовите од прилежниците. Сестра им беше Тамара.
Потомството на царот Соломон10 3 Цар 14,21; 2 Лет 12,16; 13,1 Соломонов син беше Ровоам, негов син – Авија, негов син – Аса, негов син Јосафат,
11негов син Јорам, негов син Охозија, негов син – Јоас,
124 Цар 15,1-7; Ис 1,1; Мих 1,1; 2 Лет 27,1негов син Амасија, негов син – Азарија, негов син – Јотам,
13Ис 7,1; Ер 26,19; Ос 1,1; 2 Лет 28,1; 29,1негов син Ахаз, негов син – Езекија, негов син Манасија,
144 Цар 22,1; Ер 1,2; 3,6; 25,3; 2 Лет 33,21негов син – Амон, негов син – Јошија.
154 Цар 23,34Синови на Јошија: првенецот Јоханан, вториот – Јоаким, третиот – Седекија, четвртиот – Селум.
164 Цар 24,6.18Синови на Јоаким: Јехонија, син негов; Седекија, негов син.
Потомци на царот Јехонија17 1 Езд 3,2 Синови на Јехонија, заробеник во Вавилон: Салатиил, негов син;
181 Езд 1,8; 5,14Малкирам, Педаија, Шенацар, Јекамија, Хошама и Невадија.
19Синовите на Педаија: Зоровавел и Семеј. А синови на Зоровавел: Мешулам, и Ананија, и сестрата нивна Шеломита
20и уште петмина: Хашува, Охел, Варахија, Хасадија и Јушав-Хесед.
21Синови на Ананија: Пелатија и Јишаија; негов син Рефаја, негов син Арнан, негов син Авдија, негов син Шеканија.
221 Езд 8,2-3Син на Шеканија: Шемаја, синови на Шемаја: Хатуш, Јигал, Баријах, Неарија и Шафат – шестмина.
23Синови на Неарија: Елиоенај, Хизкија и Азрикам – тројца.
24Синови на Елиоенај: Ходавија, Елијашив, Фелаија, Акув, Јоханан, Делаја и Анани – седуммина.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
