Псалми 37 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 37Животот на праведникот и на безбожникот

1Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме,

26,1зашто стрелите Твои се забија во ме­не, и Твојата рака тежи врз мене,

3Јов 6,4; 16,13; Плач 3,12нема ништо здраво на моето тело од Твојот гнев; во коските мои нема мир поради гревот мој;

4Ис 1,5-6зашто беззаконијата мои ја над­ви­ши­ја главата моја, како тешко бреме ме при­тиснаа.

51 Мојс 4,13; 1 Езд 9,6Смрдат и гнојат раните мои поради безумието мое.

6Се згрбавив и се стопив сосема, цел ден натажен одам;

734,14; 41,9слабината ми е воспалена, нема здраво место на телото мое.

8Исцрпен сум и дотолчен; рикав по­ради воздишките на срцето мое.

9101,3-5Господи, пред Тебе се сите мои коп­нежи, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе.

10Срцето засилено ми бие, ме на­пуш­ти силата моја, и светлината на очите мои, – и неа ја нема во мене.

116,7; 30,10; 87,6Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија; заста­наа подалеку од мене,

1230,11; 40,9; 87,8.18; Јов 12,4-5; 19,12-18; Лк 23,49а оние што ја бараат душата моја, ми поставуваат примки, говорат за про­паст и секој ден кројат сплетки;

13а јас, пак, како глув не слушам и ка­ко нем сум, кој не ја отвора устата своја;

1438,1-2; Ис 53,7станав како човек што не слуша и што во устата своја нема одговор,

15зашто на Тебе, Господи, се надевам; Ти ќе одговориш, Господи, Боже мој.

16Зашто се молам само да не се по­гордеат над мене моите непријатели; и ко­га ќе ми се поколебаат нозете мои, тие да не се кренат над мене.

1712,4; 34,15.19Готов сум да паднам, и болот мој секогаш е со мене.

1850,4Беззаконието свое го признавам и ќе жалам поради гревот мој.

1931,5А оние што ми се непријатели без причина, се силни и се намножија оние што неправедно ме мразат,

2034,19; 68,4ми враќаат зло за добро, ми станаа противници, зашто јас сум за добро.

2134,12; 108,3-5Не оставај ме, Господи, Боже мој, не оддалечувај се од мене;

2221,1.11; 34,22; 70,18побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителе мој!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help