Исаија 36 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Асирците го опколуваат Ерусалим(4 Цар 18,13-37)

1 7,17-20; 8,7-8; 37,10; 4 Цар 18,13; Сир 48,18 Во четиринаесеттата година на царот Езекија, асирскиот цар Се­нахирим, стана против сите утврдени градови на Јудеја и ги презеде.

27,3; 4 Цар 18,17-37Тогаш асирскиот цар го прати Рап­сак со голема војска од Лакиш во Еру­салим кај царот Езекија; и тој се запре кај водоводот на горниот водостој по патот за нивата на валавичарот.

322,20И излезе при него Елијаким, Хел­ки­е­виот син, началник на дворецот, и пи­са­рот Севна, и летописецот Јоах, Асаф­овиот син.

410,8-15; Ос 5,13И им рече Рапсак: „Кажете му на Езекија: вака вели големиот цар, царот асирски: каква е таа надеж, на која се надеваш?

54 Цар 18,7Јас мислам дека се тоа само празни зборови, а за војна се потребни совет и сила: и така, на кого се надеваш ти, па си се одметнал од мене?

630,2-3.7; 37,9; Ез 29,6-7Ете, ти многу се потпираш на Еги­пет, на таа скршена трска, која, ако не­кој се потпре на неа, ќе му влезе во ра­ката и ќе ја прободе. Таков е фараонот, царот египетски, за сите, кои се надеваат на него.

74 Цар 18,4Ако ли ми кажеш: се надеваме на Господ, нашиот Бог, – тогаш на оној ли, Чии светилишта и жртвеници ги от­страни Езекија и му кажа на Јуда и на Ерусалим: ‚само пред овој жртвеник поклонувајте се?‘

8И така, влези во сојуз со мојот гос­подар, царот асирски; – ќе ти дадам две илјади коњи; можеш ли да испратиш ја­вачи за нив?

931,1Па како мислиш да се одбраниш ду­ри и од еден од најмладите слуги на мо­ј­от господар, надевајќи се на Египет, да ти даде бојни коли и коњи?

1010,6Та зар јас без волјата на Господ трг­нав против оваа земја, за да ја разорам? Господ ми рече: оди против таа земја и разори ја.“

11Тогаш Елијаким, Севна и Јоах му рекоа на Рапсак: „Говори им на слугите твои на арамејски, зашто ние разбира­ме, а не ни зборувај по јудејски, за да чуе народот, кој е на ѕидините.“

12И Рапсак рече: „Зар само кај твојот господар и кај тебе ме испрати господарот мој да ги кажам овие зборови? Зар не и кај луѓето што седат по ѕидините, осудени да го јадат со вас изметот свој и да ја пијат мочта своја?“

13Тогаш стана Рапсак и извика со ви­сок глас по јудејски и рече: „Чујте ги зборовите на големиот цар, асирскиот цар!

14Вака вели царот: нека не ве мами Езекија, зашто тој не може да ве спаси;

1537,10И нека не ви дава надеж Езекија во Господ, велејќи: ‚Господ ќе нѐ спаси; овој град нема да биде предаден во раце­те на царот асирски.‘

16Ос 2,12; Мих 4,4; Зах 3,10Не го слушајте Езекија, зашто вака говори царот асирски: примирете се со мене и предајте ми се, и секој нека го ја­де плодот од лозјето свое и од смоквата своја и секој нека пие вода од својот кладенец,

175 Мојс 7,13додека не дојдам и ве одведам во ис­то таква земја, каква што е и вашата земја, во земја на леб и вино, во земја на плодови и лозја.

18И така, да не ве мами Езекија, ве­лејќи: ‚Господ ќе нѐ спаси.‘ Боговите на другите народи ја спасија ли, секој својата земја од раката на асирскиот цар?

1910,9.11; 37,13Каде се боговите на Хамат и Ар­пад? Каде се боговите на Сефарваим? Ја спасија ли тие Самарија од мојата ра­ка?

2037,11-12; 4 Цар 18,35Кој од сите богови на тие земји ја спаси земјата своја од мојата рака? Та зар Господ ќе го спаси Ерусалим од мо­јата рака?“

21Но тие молчеа и не му одговорија ни збор, зашто од царот беше дадена по­велба: не одговарајте му.

2237,1; Ис.Н. 7,6Тогаш отиде Елијаким, синот Хел­киев, началник на дворецот, и Севна писарот, и Јоах, син Асафов, летописец при Езекија, со раскината облека, и му ги соопштија зборовите на Рапсак.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help