Мудрост Соломонова 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1Таа широко се протега од едниот крај на светот до другиот и сѐ уреду­ва за полза.

Мудроста – идеалната сопруга на Соломон

2 Изреки 8,22-31 6,12-16; Сир 15,2 Ја засакав и од младоста ја побарав, посакав да ми биде невеста и се вљубив во убавината нејзина.

3Благородството свое го прослави со тоа што живее заедно со Бога, неа ја засакал Владетелот на сите;

49,6.9посветена е во тајните на Божјиот ум, ги избира Божјите дела.

57,21Ако богатството е многу сакана придобивка во овој живот, тогаш што е побогато од мудроста, која создава сѐ?

6Ако благоразумноста прави многу, тогаш кој е подобар уметник од неа?

7Ако некој сака праведност, доблес­тите се нејзини плодови; таа поучува на умереност и разумност, на справед­ли­вост и храброст, од кои за луѓето нема ништо покорисно во животот.

8Ако некој копнее по голема опитност, мудроста го знае минатото и ја предвидува иднината, ја знае длабоката смисла на зборовите и значењето на гатанките, однапред ги знае знаците и чудата и последователноста на години­те и времињата.

9Затоа одлучив да си ја земам за другарка во животот, знаејќи дека ќе ми биде советничка за добро и утешителка во грижите и жалостите.

103 Цар 3,7; 3,16-28Преку неа ќе имам слава во народот и чест пред старците, иако сум млад.

113 Цар 5,13.20; 10,1-9На судот остроумен ќе се покажам, ќе се вчудовидуваат големците – кога ќе застанам пред нив.

12Кога молчам – ќе чекаат, кога ќе почнам да говорам – ќе внимаваат, а ко­га ќе продолжам – раката на устата сво­ја ќе ја стават.

13Пс 111,6; Сир 39,9Со неа бесмртност ќе придобијам, вечен спомен ќе оставам за оние што ќе дојдат по мене.

143 Цар 4,21Ќе владеам со народи, племиња ќе ми се покоруваат.

15Ќе се уплашат од мене тирани страшни кога ќе чујат за мене; со народот мој добар ќе бидам и храбар во вој­на.

16Изреки 3,17-18Кога дома ќе се вратам, спокој по­крај неа ќе најдам, во другарувањето со неа нема грубости и нема болка во жи­вотот со неа, а само радост и веселба.

Соломон решава да ја бара мудроста

17И, откако така за сѐ во себеси раз­мислив и во срцето свое, обмислив дека бесмртноста е во роднинство со мудроста,

18а во дружба со неа – вистинска нас­ла­да, во трудовите на нејзините раце – нејзино неисцрпно богатство; во разго­во­рот со неа – разум, а прифаќајќи ги зборовите нејзини – слава; тогаш појдов и барав како да ја придобијам.

19Бев даровит младич и бев се здобил со добра душа.

20па, бидејќи добар, влегов во чисто тело.

21Сир 1,1И откако сфатив дека мудроста не можам да ја придобијам, ако Бог не ми ја подари и дека разумноста требаше да знае чиј е тој дар, – јас пристапив кон Господ и Му се помолив и од сѐ срце Му реков:

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help