1Слово Господово што дојде до Еремија:
2стани и слези во домот на грнчарот, и таму ќе ти ги кажам зборовите Мои.
3Сир 38,29Слегов во домот на грнчарот, а тој ја вршеше својата работа на тркалото.
4Садот, пак, што го правеше грнчарот од глина, се растури во рацете негови. Но тој одново направи од него друг сад, како што му падна на ум да направи.
5И дојде слово Господово до мене:
61 Мојс 2,7; Ис 64,7; Јов 10,8-9; Сир 33,13доме Израилев, не можам ли да постапам со вас како овој грнчар? – рече Господ. Ете, како што е глината во рацете на грнчарот, тоа сте и вие во рацете Мои, доме Израилев.
7Понекогаш велам Јас за некој народ и царство дека ќе го искоренам, ќе го згазам и погубам;
8но, ако тој народ, врз кого сум го изрекол тоа, се поврати од лошите свои дела, Јас го одлагам злото, што сум намислил да го направам.
9А понекогаш велам за некој народ и некое царство дека ќе ги подигнам и ќе ги зацврстам;
101 Мојс 6,6-7но, ако тој народ врши зло пред очите Мои и не го послуша гласот Мој, ќе го повлечам доброто, со кое сум намислил да го дарувам.
1125,5; 26,13; 35,15; Зах 1,4Па така, кажи им на луѓето Јудини и на жителите ерусалимски: вака вели Господ – еве, Јас ви подготвувам зло и смислувам нешто против вас; затоа повратете се секој од својот лош пат и исправете ги патиштата свои и постапките свои.
123,17Но тие велат: „Не надевај се; ние ќе си живееме како што сакаме и секој од нас ќе постапува според своето закоравено зло срце.“
13Затоа вака вели Господ: распрашајте се меѓу народите, дали чул некој нешто слично? Многу гнасни дела изврши Израилевата девојка.
14Ги напушта ли леванонскиот снег планинските карпи, и секнуваат ли по други места течните студени води?
152,32А Мојот народ Ме остави; кади на суети, се сопнува на своите патишта, ги остава старите патишта, за да оди по патеки, по непрооден пат,
1625,9; 29,18; 51,37за да ја направи земјата своја ужас, вечен срам, така што секој што ќе минува преку неа да се чуди и да мавта со главата.
17Како источен ветар ќе ги распрснам пред непријателот; со грбот, а не со лицето Свое ќе се свртам кон нив во денот на нивната неволја.
Заговор против Еремија18 4 Цар 12,2 А тие рекоа: „Дојдете да направиме заговор против Еремија; зашто нема да исчезне законот на свештеникот и советот на мудриот и зборот на пророкот, дојдете да го убиеме за да не ги слушаме веќе неговите зборови.“
Еремија се моли за своите непријатели19Послушај ме, Господи, и чуј што говорат моите противници.
20Пс 34,12; Пс 105,30Треба ли да се враќа зло за добро? А тие ми копаат јама за душата моја. Сети се дека стоев пред лицето Твое, за да зборувам добро за нив, за да го одвратам од нив гневот Твој.
216,11; Пс 108,9И така, предај ги синовите нивни на глад и направи да загинат од меч; жените нивни да немаат деца и да станат вдовици, мажите нивни да умираат, а младинците нивни да бидат убивани во бој.
22Пс 139,5Нека се слуша пискот од куќите нивни, кога ненадејно ќе им испратиш чета насилници; зашто тие ископаа јама, за да ме фатат, и тајно поставија замка за нозете мои.
2312,3; Авак 1,13; Пс 34,22; Пс 108,14; Неем 4,5Но Ти, Господи, им ги знаеш сите нивни сплетки против мене, за да ме убијат; не проштевај ги неправдите нивни, и не бриши го гревот нивни, пред лицето Свое; нека попаѓаат пред Тебе; пресметај се со нив додека си гневен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.