Мудрост Соломонова 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Блаженството на праведниците

1 5 Мојс 33,3; Ис 51,16; Јн 10,29 А душите на праведниците се во Божја рака; до нив нема да се допре никаква мака.

24,17Во очите на неразумните, тие се ка­ко умрени, а нивниот крај се сметаше за пропаст;

3Ис 57,2и тоа што тие заминуваат од нас – како уништување, но тие живеат во мир.

41,15Зашто иако во очите на луѓето се казнуваат, надежта нивна полна е со бесмртност.

5Пс 16,3; 26,2; Јов 23,10; Изреки 17,3; Рим 8,18; 2 Кор 4,17Бидејќи малку казнети, тие ќе добијат големи добра, зашто Господ ги про­верил и ги нашол достојни за Себе.

63 Езд 16,73; Рим 12,1Тој ги проверил како злато во печка и ги примил како најсовршена жртва.

7Дан 12,3; Мт 13,43Во времето на Неговата посета, тие ќе светкаат како искри среде стрниште.

8Пс 48,14; 149,7; Дан 7,27; 1 Кор 6,2; Откр 5,10На племиња ќе им судат, над народи ќе владеат, а над нив Господ ќе царува довека.

9Изреки 28,5; 1 Кор 13,12; 1 Јн 3,2; 4,15; Откр 20,4-6Оние што се надеваат на Него, ќе ја познаат вистината, а кои Му се верни – ќе живеат во љубов со Него, зашто Тој има милост и милосрдност (за Своите светии и промисла -) за Своите избраници.

Судбината на безбожниците

10А безбожниците ќе бидат казнети за своите мисли; затоа што го презреа праведниот и отстапија од Господ.

11Зашто оние што ја презираат муд­роста и поуката – несреќни се и надежта нивна е празна, и трудовите – бесплодни, а делата – некорисни.

12Пс 108,9-10; Сир 41,5-6Нивните жени се неразумни, а децата лоши; проколнат е нивниот дом.

Верноста е подобра од плодноста

13 Сир 16,3-4 4,1; Ис 54,1; Евр 13,4 Блазе на неродилка, која не се ос­квернила, која не познала незаконска постела; таа ќе добие плод – кога све­ти­те души ќе бидат наградувани.

14Ис 56,3-5; Пс 15,5-6Блазе на евнух, кој не направил беззаконие со рака и не помислил ништо лошо против Господ; за неговата вера ќе му биде дадена посебна благодат и најпријатен дел во храмот на Господ.

151,15; 2,23Плодот на добрите трудови е сла­вен, а коренот на мудроста е неподви­жен.

16Децата на прељубниците ќе бидат несовршени, а плодот на беззаконата постела пропаѓа.

17Макар биле и долговечни, за ништо нема да ги сметаат; нивната длабока старост ќе биде без почит.

18А ако умрат рано, нема за нив на­деж, ниту утеха на судниот ден;

19зашто страшен е крајот на греш­ниот род.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help