Варух 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 3 Мојс 18,5; 5 Мојс 4,1; 6,1-2; 8,1; Ез 18,9.17-21; Сир 45,5 Еве ја книгата на Божјите заповеди и на Законот, кој трае вечно. Тие што ја пазат – вечно ќе живеат, а ќе ум­рат оние што ќе ја остават.

2Ис 2,5; 60,3; Ер 3,12; Ез 14,6; Ос 14,2Врати се, Јакове, и земи ја, оди по болскотот на нејзината светлина!

3Твојата слава не давај му ја на друг, ниту она што е корисно за тебе – на туѓ народ.

45 Мојс 4,8.37-40; 10,21; Пс 147,8-9; Мудр 9,18Блажени сме Израиле, што го зна­еме угодното пред Бога.

Заточените треба да се охрабрат

5Охрабри се, народе мој, ти – спомену Израилев!

65 Мојс 32,16.30; Ис 50,1; 52,3; Суд 2,14; 3,8; 4,2.9Вие сте продадени на незнабошците – не да загинете, туку затоа што Гос­по­да Го разгневивте; предадени сте на не­пријателите

73 Мојс 17,7; 5 Мојс 32,17; Ис 1,2; 27,11; 46,3; Пс 105,37; Изреки 14,31; 1 Кор 10,20затоа што Го разгневивте Созда­те­лот свој, принесувајќи им жртви на зли духови, а не на Бога.

85 Мојс 8,11.14.19; 32,18; Ис 51,13; Ос 8,14Вие Го заборавивте вечниот Бог, Кој ве храни, а го ожалостивте и Ерусалим, кој ве отхрани;

9зашто тој го виде испратениот врз вас од Господ гнев, и рече: „Слушајте, соседи Сионски, Бог ми испрати голема тага.

10Јас го видов заробувањето на моите синови и ќерки, коешто Вечниот го ис­прати на нив.

11Ер 31,9; Плач 1,2.16Јас ги хранев со радост, а ги отпуш­тив со болка и жалост.

12Ис 49,21; Плач 1,1-2Никој нека не ми се радува на мене вдовецот, кој сум оставен од мнозина; јас опустев поради гревовите на моите деца, зашто тие се отклонија од Бож­ји­от закон;

13Ер 18,15не ги познаа Божјите наредби, не одеа по патот на Божјите заповеди и не чекореа по патеките на поуката во Неговата правда.

14Дојдете, сожители сионски, спомне­те си за ропството на Моите синови и ќерки, коешто Вечниот го испрати врз нив.

155 Мојс 28,49-50; Ер 5,15; 6,22Тој испрати против нив народ да­ле­чен, бесрамен и туѓ – затоа што не се засрамија од старец и не се сожалија над дете,

16на вдовицата ѝ ги одведоа нејзините мили синови, и осамената ја лишија од нејзините ќерки.

Ерусалим ги храбри своите чеда

17А, пак, јас со што можам да ви помогнам?

18Ер 32,42; Ез 14,22Оној Кој ги испрати врз вас тие зла, Тој ќе ве избави од рацете на вашите непријатели.

19Дојдете, деца, дојдете, зашто за­пус­тев.

201 Мојс 37,34; Ис 22,12; Ер 48,37; Ез 27,31Ја соблеков облеката на мирот, а се облеков во облеката на мојата молитва: во сите мои денови Господа ќе Го по­ви­ку­вам.

21Охрабрете се, чеда, повикајте кон Господ, Тој ќе ве избави од насилство и од непријателски раце.

22Ис 6,3; 40,25; 43,15; Ос 11,9; 12,1; Јов 6,10; Лк 1,78Зашто од почетокот се надевав на Вечниот за вашето спасение; врз Мене дојде од Светиот радост за милоста, која скоро ќе ви дојде од Вечниот, од Спа­си­телот наш.

23Ис 51,11; 61,7; Ер 31,12Јас ве испраќав со тага и со жалост, но Бог ќе ве поврати кај мене со радост и веселба довека.

24Ис 60,1Зашто, како што соседите на Сион ве видоа како ве водат во ропство, така набргу ќе го видат вашето од Бога спа­сение, што ќе ви дојде со голема слава и велелепие од Вечниот.

255 Мојс 33,29; Ис.Н. 10,24; Ис 51,23; Пс 65,12; 110,1Деца, потрпете го Божјиот гнев што ве постигна: те прогонува твојот непријател, но набргу ќе ја видиш неговата пропаст и ќе стапнеш на вратот не­гов.

26Плач 4,5Моите чеда, со нежност одгледани, тргнаа по нерамни патишта; фатени се како стадо – разграбени од неприја­те­лот.

27Охрабрете се, чеда, кон Бога викај­те; за вас ќе си спомне Оној, Кој ви го испрати ова.

28Каква што беше вашата решеност за да се оддалечите од Бога, зголемете ја сега десетпати – за да се свртите и да Го побарате,

29зашто Оној, Кој ви ги испрати овие маки, Тој ќе ви испрати вечна радост со спасение.

Охрабри се, Ерусалиме!

30 Ис 40,1; 49,13; 60,14; 66,11.13; Зах 1,13; Пс 45,4 Охрабри се, Ерусалиме, Оној Кој ти го даде името – Тој ќе те утеши!

31Сир 27,29Тешко им на оние што те ожа­лос­тија и се радуваа на твоето паѓање!

32Ис 13,19-22Тешко им на градовите, на кои им робуваа твоите деца, тешко ѝ на земјата, што ги прими твоите синови!

33Како што му се радуваше на твоето паѓање, и се веселеше на твојата про­паст, така ќе се ожалости за своето опустошување.

34Плач 5,15; Јов 30,31Јас ќе направам да не се радува на многу народ; горделивоста нејзина во тагување ќе се претвори,

35Ис 13,21; 34,14; 47,14; Ер 50,39зашто врз неа ќе дојде оган до Веч­ни­от за многу дни, и долго, долго време во неа зли духови ќе живеат.

36Ерусалиме, погледни кон исток, ви­ди ја радоста, што ти доаѓа од Бога.

37Ис 60,4; 43,5-7; Тов 13,12; Ис 43,5; Зах 8,7Ете доаѓаат твоите синови, што ги отпушти, доаѓаат собрани од исток до запад, по заповед од Светиот, зарадувани со Божја слава.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help