1 2,3-55 1 Мојс 29,35; 4 Мојс 26,21 Синови на Јуда: Фарес, Есром, Карми, Ор и Шовал.
2Реаја, Шовалов син, го роди Јахат; Јахат ги роди Ахумај и Лахад; од нив се родовите на Цорат.
3А ова се синовите на Етам: Јизреел, Јишма, Јидбаш, и сестрата нивна, по име Хаселелпонија.
4Рута 1,19Пенуел, татко на Гедор, и Езер, татко на Хушин. Тоа се синовите на Ор, првенец Ефратов, татко Витлеемов.
52,24Ашхур, таткото на Текоа, имаше две жени: Хела и Наара.
6Наара му ги роди Ахузам, Хефер, Темени и Ахаштари, тоа се синовите од Наара.
7Синови од Хела: Зерет, Цохар, и Етнан.
8Коц ги роди: Анув и Хацовев и родовите на Ахархел, син на Харум.
9Јабец беше попрочуен од своите браќа. Мајка му го нарече Јабец, велејќи: го родив со болки.
10И повика Јабец кон Бог Израилев, велејќи: „О, да ме благословеше со Твојот благослов, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!“ И Бог му го даде она за што молеше.
Други семејства11А Халев, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ештон.
12Ештон го роди Бет-Раф, Пасеах и Техина, таткото на Ирнахаш, братот на Селом Кенезеецот и на Ахаз; тоа се жителите на Река.
13Синови на Кеназ: Готониил и Сераја, синови на Готониил: Хатат и Меонотај.
14Меонотај го роди Офра, а Сераја го роди Јоав, таткото на Гехарашимците, наречени така зашто беа занаетчии.
15Синови на Халев, Јефунеов син: Ир, Ила и Наам. Син на Ила: Кеназ.
16Синови на Јехалелел: Зиф, Зифа, Тирија и Асраел.
17Синови на Езра: Јетер, Меред, Ефер и Јалон; Јетер, пак, го роди Мирјам, Шамаја и Јишбах, таткото на Ештемоа.
18Ис.Н. 15,34А жена му, Јудејката го роди Јаред, Гедоров татко, и Хевер, татко на Сохо, и Јекутиел, татко на Заноах. Тоа беа синови на фараоновата ќерка Битија, што ја беше зел Меред.
195 Мојс 3,14; Ис.Н. 15,44Синовите на жената на Одија, сестра Нахамова, беа татковци на Кеила, Гермиецот и на Ештемоа од Маахат.
20Синови на Симон: Амнон, Рина, Бен-Ханан и Тилон. Синови на Иши: Зохет и синот на Зохет.
Потомци на Шела21 1 Мојс 38,5 Синови на Шела, син Јудин: Ер, татко на Лека и Лаада, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Бет-Ашбеа,
22и Јоким, и жителите на Хозев, и Јоас, и Сараф, кои имаа имоти во Моав, и Јашуви-Лахем; но тоа се дамнешни работи.
23Тие беа грнчари, живеејќи и во Нетаим и Гедера; живееја таму кај царот, за да му работат.
Потомци на Симон24 1 Мојс 29,33; 46,10; 2 Мојс 6,15; 4 Мојс 26,12-14 Синови Симонови: Немуел, Јамин, Јарив, Зерах и Саул.
25Негов син Селум; негов син Мивсам; негов син Мишма.
26Синовите на Мишма: Хамуел, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Шимеј.
27Шимеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки, но браќата негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини.
28Ис.Н. 19,1-8
1 Мојс 21,14Тие живееја во Вирсавија, Молада и Хацар-Шуал,29во Билха, во Ецем, во Толад,
30во Ветуил, во Хорма, во Циклаг,
31Ис.Н. 15,36во Бет-Маркавот, во Хацар-Сусим, во Бет-Бириј и во Шаараим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давид,
32Ис.Н. 15,42со селата нивни: Етам, Ен-Римон, Токен и Ашан, – пет градови,
33и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија.
34А Мешовав, Јамлек и Јоша, син на Амасија,
35Јоил и Јуј, син на Јошивија, син на Сераја, син Асиелов,
36Елиоенај, Јакова, Јехошаја, Асаја, Адиел, Јесимиел и Ванеја,
37и Зиза, син на Шифиј, син на Алон, син на Једаја, син на Шимри, син Шемаиев, –
38сите овие споменати беа началници над своите родови, и домот на татковците нивни се разграни многу.
39Ис.Н. 15,58Тие одеа до Гедор и до источната страна на долината, за да најдат пасишта за стадата свои;
40Суд 18,7-10и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано живееја малкумина од Хамовците.
412 Лет 26,7Па појдоа тие, запишани поименично, во дните на јудејскиот цар Езекија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се наоѓаа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни.
421 Мојс 14,6А од нив, од Симоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сеир; началници им беа: Пелатија, Неарија, Рефаја и Узиил, синови на Иши,
431 Мојс 14,7; Ест 9,16и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.