Неемија 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јавно читање на Законот

1 3,26; 5 Мојс 28,61; 2 Лет 34,15 Кога настапи седмиот месец, и сино­вите Израилеви беа населени по градовите, се собра сиот народ ед­но­душно на плоштадот што се наоѓа пред Водните Порти, и му рекоа на книж­ни­кот Ездра да ја донесе книгата на Мој­се­евиот закон, што Господ му ја беше дал на Израил.

23 Мојс 23,23-25; 4 Мојс 29,1-6; 5 Мојс 31,11И свештеникот Ездра го донесе За­конот пред собранието од мажи, жени и сите што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец;

3и читаа од него на плоштадот што е пред Водните Порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и сиот народ со внимание ја слушаше книгата на Законот.

42 Лет 6,13Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Матитија, Шема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасеја, а лево од него – Федаја, Мисаил, Малкија, Ха­шум, Хашбадана, Захарија и Мешулам.

5Суд 3,20Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стоеше повисо­ко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана.

62 Тим 2,8Тогаш Ездра Го благослови Гос­пода, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, – кревајќи ги раце­те нагоре, поклонувајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господ.

73 Мојс 10,11; 2 Лет 17,7А левитите Јешуа, Ваниј, Шеревија, Јамин, Акув, Шабетај, Ходија, Маасеја, Келита. Азарија, Јозавад, Ханан, Пела­ја му го објаснуваа Законот на народот, а народот стоеше на местата свои.

8И читаа разбирливо од книгите, од Законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.

95 Мојс 12,7.12; 16,14-15Тогаш Неемија, и книжникот Ездра, свештеник, и левитите, кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Овој ден е свет пред Господ, вашиот Бог; не тажете и не плачете,“ – зашто сиот на­род плачеше, слушајќи ги зборовите на Законот.

103 Мојс 23,40; 5 Мојс 12,18; 1 Цар 25,8; 2 Цар 6,19; Ест 9,22; Лк 14,12-14И им рече: „Одете, јадете добри ја­дења и пијте добри пијалаци, и испра­тете им и на оние што немаат приготве­но, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господ е поткрепа за вас.“

11И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: „Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.“

12Ест 9,22И појде сиот народ да јаде и да пие и да дели и на оние што немаа и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите што им ги кажаа.

Прославување на празникот

13На другиот ден се собраа стареши­ните на родовите од сиот народ, свеш­тениците и левитите кај книжникот Ез­дра, за да им ги објасни зборовите на Законот.

143 Мојс 23,33-36; 23,39-43И го најдоа напишаното во Законот што Господ го беше дал преку Мојсеј дека на празникот во седмиот месец синовите Израилеви треба да живеат во колиби.

15Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, велејќи: „Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива маслина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја за да напра­ви­те колиби според запишаното.“

16Отиде народот и донесоа, та си на­правија колиби, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворовите на Божјиот дом, и на плоштадот кај Вод­ните Порти, и на плоштадот кај Ефре­мовите Порти.

17Целата заедница на оние, што се беа вратиле од пленство, направи колиби и живееја во колиби. Од дните на Исус, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израилеви. Радоста беше многу голема.

183 Мојс 23,40; 5 Мојс 31,11; 33,10; 1 Езд 3,4И читаа од книгата на Законот Божји секој ден, од првиот ден до пос­ледниот. И го празнуваа празникот се­дум дена, а на осмиот ден – се одржа со­бор според уредбата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help