Битие 28 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 26,35; 2 Мојс 34,15-16; 5 Мојс 7,3-4; 1 Езд 10; Неем 13,23-30 Затоа Исак го повика Јаков, го благослови, и му заповеда, ве­лејќи: „Немој да земеш жена од ќерки­те ханански!

227,41-45Стани, па оди во рамнината Арам, во домот на Ветуил, таткото на твојата мајка, и оттаму земи си жена, од ќерки­те на Лаван, братот на мајка ти.

317,4-5И семоќниот Бог нека те благо­слови, и нека те издигне и нека те умно­жи, та од тебе да настанат многу народи.

4Да ти го даде благословот на Ав­раам, мојот татко, тебе и на потомството твое по тебе, за да ја наследиш земјата, во која си придојден, а која Бог му ја даде на Авраам!“

5Така Исак го испрати Јаков, и тој отиде во рамнината Арам кај Лаван, си­нот на Ветуил Арамеецот, кај братот на Ревека, мајката на Јаков и Исав.

6Кога Исав виде како Исак го бла­гослови Јаков и го испрати во рамнината Арам оттаму да си земе жена, и како благословувајќи го, му заповеда: „Не земај жена од ќерките ханански“,

7и дека Јаков го послуша таткото свој и мајка си, и замина за рамнината Арам;

8Исав разбра дека ќерките ханански не му се по волја на Исак, таткото негов.

925,12И отиде Исав кај Исмаил, и ја зеде за жена Махалата, ќерката на Исмаил, синот Авраамов, сестра Навајотова.

Сонот на Јаков

10 Ос 12,4; Мудр 10,10 Јаков, пак, ја напушти Вирсавија и отиде во Харан,

11па најде едно место, и таму прено­ќева, бидејќи сонцето беше зашло. И зеде еден камен од тоа место, и си го кладе под главата, па заспа на тоа место.

12Јн 1,51И виде сон: ете, скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и ангели Божји се качуваа по неа и слегуваа.

13А ете, Господ стоеше на неа, Кој му рече: „Јас сум Господ Бог на таткото твој Авраам и Бог Исаков. Оваа земја, на која лежиш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое; (не плаши се).

1412,3; 13,14-15; 14,5-6; 18,18; 22,17-18; 26,4А потомството твое ќе биде колку песокот на земјата; ти ќе се рашириш на запад и на исток, и на север и на југ, и сите племиња на земјата ќе бидат благословени поради тебе и поради потомството твое.

1526,3; 31,3-5И еве, Јас сум со тебе, и ќе те чувам насекаде каде и да појдеш, и ќе те вра­там во оваа земја, и нема да те оставам сѐ додека не го извршам она што сум ти рекол.“

16А кога се разбуди Јаков од сонот, си рече: „Сигурно е Господ на ова место; а јас не знаев!“

172 Мојс 3,5; 19,12Се уплаши и рече: „Колку е страш­но ова место! Ова е дом Божји, ова е вратата небеска!“

1835,14; 2 Цар 18,18И стана Јаков утредента рано, го зеде каменот, што го беше ставил под глава, и го постави како спомен, па го прелеа со масло.

1935,6; 48,3; Суд 1,23И тоа место го нарече Ветил; а порано името на овој град му беше Луз.

2031,13И се зарече Јаков, велејќи: „Ако Господ Бог биде со мене и ме зачува на овој пат, по кој одам, и ако ми даде леб да јадам и облека да се облекувам,

21и се вратам мирно во домот на таткото мој, и ми биде Господ мој Бог,

2214,20; Амос 4,4тогаш овој камен што го поставив како споменик ќе биде (за мене) дом Божји. И од сѐ, што ќе ми дадеш, Тебе ќе Ти давам една десетина.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help