Мудрост Соломонова 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Соломон е човек како и другите

1 1 Мојс 2,7; Пс 138,13-16; Сир 17,1; 3 Езд 10,10 И јас сум смртен човек, како и сите други, потомок сум на првото создание, направено од земја.

2И јас бев обликуван во тело во мајчината утроба во тек на десет месеци, стегнат во крв од семето на маж и од наслада, соединета со сон.

3И јас, кога се родив, го вдишав заедничкиот воздух и паднав на оваа земја, првиот глас го пуштив со плач, како и сите;

4бев одгледан во пелени и со грижи.

5зашто ниеден цар не се родил пои­на­ку;

6за сите има само еден влез во животот, а еднаков е и излезот.

Соломоновата љубов кон мудроста

7 3 Цар 3,3-9; Мудр 9,1-18 Сир 47,12-17; 3,12 Затоа се молев – и ми беше даден ра­зум, повикав – и врз мене слезе духот на мудроста.

8Мудроста ја засакав повеќе од скиптри и престоли; а богатството го сметав за ништо пред неа;

9скапоцен камен е неспоредлив со неа, зашто пред неа сето злато е како ништожен песок, а среброто е кал – во споредба со неа.

10Ис 60,19-20Ја засакав повеќе од здравје и од убавина; ѝ дадов предност и повеќе ја засакав од светлината, зашто нејзиниот сјај никогаш не угаснува.

113 Цар 3,13; 10,21; Сир 47,18; Мт 6,33И заедно со неа дојдоа кај мене сите добра и големо богатство преку нејзините раце;

127,21; 8,5-6јас им се радував на сите тие добра, зашто мудроста ме раководеше, но не знаев дека е таа нивна родителка.

136,22; Лк 12,33И она што без измама го научив, тоа и без завист го предавам; богатството нејзино не го кријам.

14Таа е неисцрпно сокровиште за лу­ѓето; ползувајќи се од неа, тие стапува­ат во пријателство со Бога препорачани преку даровите на поучувањето.

Бог е извор на мудроста

15Затоа нека ми даде Бог да говорам како што разбирам и да мислам со мис­ли достојни за она што ми е дарувано, зашто Тој е водач на мудроста и упра­вувач со мудреците.

16Пс 30,15; Јов 12,10; Сир 10,5Во Неговата рака сме и ние и на­ши-те зборови, сето наше разбирање и веш­тината во работата.

17Тој Самиот ми дава вистинско зна­е­ње за она што постои, за да го сознаам строежот на светот и дејството на пра­почетоците.

18Почетокот, крајот и средината на времињата, повратните смени и промената на времињата,

19годишните кругови и положбата на ѕвездите.

203 Цар 5,12Природата на животните и својствата на ѕверовите, силата на духовите и на човечките мисли, разноликоста на растенијата и лековитоста на корените.

218,6; 9,9Познав сѐ што е скриено и што е јавно, зашто ме научи мудроста, уметничката на сѐ.

Суштината на мудроста

22 Јн 1,1-14; Евр 1,1-4 Во неа има дух разумен, свет, единороден, многустран, тенок, благоподвижен, светол, чист, јасен, неопасен, доброљубив, остар, незадржлив.

23добродетелен, човекољубив, цврст, непоколеблив, спокоен, безгрижен, со секаква моќ, кој гледа сѐ и проникнува во сите умни, чисти и најтенки духови.

24Зашто мудроста е поподвижна од секое движење и, поради својата чистота, поминува низ сѐ и во сѐ проникнува.

25Сир 24,3Таа е здив на Божјата сила и чист одлив од славата на Седржителот: затоа ништо осквернето нема да влезе во неа.

26Кол 1,15Таа е одсјај на вечната светлина, ог­ледало чисто на Божјото дејство, слика на Божјата добрина.

27Пс 103,30Една е, а може сѐ, останувајќи во себеси, сѐ обновува и, минувајќи од по­коление во поколение во светите души, таа ги подготвува Божјите пријатели и пророци;

28зашто Бог не го љуби никој, освен оној што се дружи со мудроста.

29Поубава е од сонцето и многу ѕвезди надминува; споредена со светлината, таа е погоре од неа;

30Јн 16,33зашто светлината со ноќта се сме­нува, а злобата нема сила над мудроста.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help