1 1,5; 2,18; 4,4; 2 Кор 13,11; 1 Сол 5,16 Но, браќа мои, радувајте се во Господа! Зашто мене не ми е здодевно да ви пишувам исти нешта, а за вас тоа значи безбедност.
2Пс 21,16; 2 Кор 11,13; Гал 5,12Чувајте се од кучињата, чувајте се од лошите работници, чувајте се од лажно обрезување,
35 Мојс 10,16; Ер 4,4; Рим 1,9; 2,29; Гал 6,14-15; Кол 2,11зашто вистинското обрезување сме ние, кои со Духот Му служиме на Бога и се гордееме со Христос Исус, и не се надеваме на телото,
4Рим 7,5; 2 Кор 11,18иако јас можам да се надевам и на телото. Ако некој друг мисли дека може да се надева на телото, тогаш уште повеќе можам да се надевам јас,
51 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Мт 3,7; Лк 1,59; 2,21; Дела 23,6; 26,5; 2 Кор 11,22кој сум обрезан во осмиот ден, од родот Израилев, од Венијаминовото колено, Евреин од Евреите, по законот фарисеј,
6Дела 8,3; 22,4; 26,9-11; 1 Кор 15,9; Гал 1,13; 1 Тим 1,13-14по ревност – гонител на Божјата Црква, според правдата на Законот – беспрекорен.
7Мт 13,44.46Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христос го сметав за загуба.
8Ос 2,20; Јн 10,14; 17,3; Ефес 3,19; 4,13Затоа, сметам дека и сѐ друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од сѐ, и сѐ сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос,
9Мт 5,20; Рим 3,21-22; 10,3; Гал 2,16; 3,21-22и да се најдам во Него, не со својата праведност стекната од Законот, туку со придобивката преку верата во Христа, односно со праведноста од Бога преку верата;
10Јн 11,24-26; 1 Кор 6,14; Гал 6,17за да Го познаам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, грижејќи се мојата смрт да биде слична со Неговата,
11Дела 4,2; Откр 20,5-6та некако да го достигнам воскресението на мртвите.
Трчање кон целта12 Мт 5,48; Дела 9,5-6; 1 Кор 8,3; Гал 4,9; Кол 1,28; 1 Тим 6,12; 1 Јн 4,10 Велам така не затоа што веќе достигнав, или дека веќе постигнав совршенство, туку се стремам да го достигнам она со кое Христос ме достигна мене.
13Лк 9,62Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене,
142,16; 1 Кор 9,24трчам кон целта – кон наградата на горното призвание од Бога во Исус Христос.
15Мт 5,48; 1 Кор 2,6Ние, кои сме, пак, совршени, мислиме така; ако, пак нешто инаку мислите, Бог и тоа ќе ви го открие.
16Гал 6,16Но, само да го држиме она до кое достигнавме, да бидеме едномислени и по истото правило да продолжиме.
171 Кор 4,16; 11,1; 1 Сол 1,7; 1 Птр 5,3Следете го мојот пример, браќа, и гледајте ги оние што живеат според образецот што го имате во вас.
181 Кор 1,17-18.23; Гал 5,11Зашто мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов;
19Мт 6,19; Јн 3,12; Рим 16,18; Кол 3,2нивниот крај е погибел, нивниот бог – стомакот, а славата – во нивниот срам; тие мислат за земните работи.
201 Кор 1,7; Ефес 2,6.19; Кол 3,1-4; Тит 2,13; Евр 12,22; 13,14А нашето жителство е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос.
21Рим 8,29; 1 Кор 15,27.43-49.53; Ефес 1,19; 3,7; Кол 3,4; Евр 2,8Тој ќе го преобрази нашето понизено тело да стане подобно на Неговото славно тело, со силата преку која Тој може да потчинува под Себе сѐ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.