Евреите 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Старото богослужение

1 9,10 Така и во првиот завет имаше уредби за богослужение и земно свети­лиште;

22 Мојс 25,8-9; 25,23-39зашто скинијата беше направена вака: во првиот дел се наоѓаа светилникот, трпезата и изложените лебови; тој дел е наречен „Свето Место.“

32 Мојс 26,31-33А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Светиња над све­тињите“;

42 Мојс 16,32-34; 25,10-15; 30,1-6; 32,15-16; 4 Мојс 17,8-10во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато ковчегот на заветот, во кој стоеја злат­ни­от сад со мана и расцутениот жезол на Арон, како и плочите на заветот,

52 Мојс 25,17-22; 26,34а над него – херувими на славата, што го осенуваа чистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува по­оп­ширно.

64 Мојс 18,3При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свеш­те­ниците и извршуваа служба Божја;

75,3; 9,17-18; 2 Мојс 30,10; 3 Мојс 16,2-34а во вториот дел влегуваше по еднаш во годината првосвештеникот и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себе и за гревовите на народот, направени поради незнаење.

810,19-20; Јн 14,6Преку ова Светиот Дух покажуваше дека сѐ уште не е отворен патот за све­тилиштето сѐ додека стои првата ски­нија,

97,19; 10,1-4.11која е симбол на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви, кои не можат да го направат совршен по совеста оној што служи,

1013,9; 3 Мојс 11,2; 15,18; 4 Мојс 6,3; 19,13; Кол 2,16туку се состојат само од јадења и пиења, и разни миења и телесни обреди, установени до времето кога сето ова ќе се исправи.

Христовото жртвопринесување

11 4,14; 8,2; 9,24; 2 Кор 5,1 Но Христос, кога стана Прво­свеш­теник на идните добра, со поголемо и со посовршено светилиште, нера­кот­во­ре­но, односно не онакво какво што се пра­ви на земјата,

125,9; 7,27; 9,19.24-26; 10,4.10.14; 13,12; Мт 26,28; Рим 3,15ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето ед­наш засекогаш и изврши вечен откуп.

133 Мојс 16,14-16; 17,11; 4 Мојс 19,9.17Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото,

146,1; 10,10; Пс 50,3; Зах 13,1; Јн 10,18; 1 Тим 3,9; Тит 2,14; 1 Птр 1,19; 3,18; 1 Јн 1,7тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог.

Завет запечатен со крв

15 7,22 Затоа е Тој посредник на новиот за­вет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на пр­виот завет, призваните да го добијат ве­теното вечно наследство.

16Зашто, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,

17бидејќи заветот добива сила само по смртта; тој нема никаква сила додека заветувачот е жив.

18Поради тоа ни првиот завет не беше утврден без крв.

192 Мојс 24,3-8; 3 Мојс 14,4-7; 4 Мојс 19,6Зашто Мојсеј, откако ги прочита сите заповеди од Законот пред сиот на­род, зеде крв телешка и јарешка со во­да, и со црвена волна и со исоп ја по­ро­си како самата книга, така и сиот народ,

202 Мојс 24,8велејќи: „Ова е крвта на заветот што ви го одреди Бог.“

21Исто така со крв ги попрска и све­тилиштето и сите садови за служење на Бога.

223 Мојс 17,11; Ефес 1,7И речиси сѐ според Законот со крв се очистуваше, и без пролевање крв нема проштевање.

238,5И така, образите небесни требаше да се очистат на таков начин, а самото небесно со подобри жртви од овие.

Христовиот влез на небото

24 4,14; 8,2; Рим 8,34 Зашто Христос не влезе во ракот­во­рено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас;

259,7и не да се принесува Себе како жрт­ва повеќепати, како што првосвештени­кот влегува во светилиштето секоја го­ди­на со туѓа крв.

267,27; 9,12.28; 10,2; 12,26; 1 Кор 10,11; Гал 4,4; 1 Птр 1,19-20; 3,18; 1 Јн 3,5Инаку Тој би требало многупати да пострада од созданието на светот. А се­га еднаш засекогаш, до крајот на веко­вите, се јави за да го однесе гревот, от­како се принесе Сам Себе како жртва.

271 Мојс 3,19; Рим 2,5-10; Откр 20,11-15И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд,

2810,10; Ис 53,12; Фил 3,20; 1 Сол 1,10; 1 Птр 2,24така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги однесе гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help