1Си реков: ќе пазам на патиштата мои, за да не згрешам со јазикот свој; ќе ја зауздам устата моја додека е грешникот пред мене.
2Онемев и се смирив, и замолкнав, но јадот мој се зголеми.
331,3; 37,13Пламна срцето мое во мене и додека размислувам оган се разгорува во мислите мои. Проговорив со јазикот свој:
4кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите дни, за да знам колку е краткотраен животот мој.
588,47Ете, Ти си ми дал дни колку една педа, и векот мој е како ништо пред Тебе. И навистина, сѐ е суета, секој човек што живее.
661,9; 89,9-10; Јов 7,6.16; 14,1.5Навистина, човек оди како сенка и залудно се измачува; собира богатство, а не знае кому ќе му го остави.
7И сега што да очекувам Господи? Надежта моја е во Тебе.
8Спаси ме од сите беззаконија; не допуштај да бидам поруга на безумниот.
9Занемев и не ја отворам устата, зашто Ти така направи.
10Отстрани ги од мене ударите Твои, изнемоштувам од Твојата силна рака.
11Го казнуваш човекот за гревот, сѐ што му е најмило му го уништуваш како молец; навистина, човекот е само здив.
12Ис 50,9; 51,7; Ос 5,12; Јов 4,19; 13,27; Мт 6,20Услиши ја, Господи, молитвата моја и почуј ја молбата моја; не биди безгласен кон моите солзи, зашто сум привремен гостин кај Тебе и придојден, како сите мои предци.
13118,19; 1 Мојс 23,4; 3 Мојс 25,23; 1 Лет 29,15; Евр 11,13; 1 Птр 2,11Допушти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веќе.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
