Песна над песните 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 Ис.Н. 12,18; Ис 33,9; 35,1-2 Возљубената: Јас сум цвет во рамни­ната шаронска, крин цвеќе во до­лина!

23 Цар 7,19; Ос 14,6; Мт 6,28Возљубениот: Она што е кринот ме­ѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите.

35,16; 7,10; Јоил 1,12Возљубената: Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот воз­љубен меѓу момците. Во сенката нејзина сакам да седам; плодовите нејзини се слатки за грлото мое.

45,10; 6,4-10Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов.

5Ис 16,7; Ер 7,18; 44,19; 5,8Поткрепете ме со слатки од грозје, освежете ме со јаболка, зашто сум бол­на од љубов.

68,3Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува.

73,5; 8,4; 5,8-9Возљубениот: Ве заколнувам ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.

Тој доаѓа

8 5,2 Возљубената: Гласот на мојот воз­љубен! Еве го: доаѓа, скока преку го­рите, прескокнува преку ридовите.

9Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад ѕидот наш, пог­леднува низ прозорецот, ѕирка низ ре­шетката.

107,12Мојот возљубен се огласи и ми ре­че: „Стани, мила моја, убавице моја, дој­ди!

11Еве, зимата веќе мина, дождот го снема, престана веќе,

12цвеќиња се појавија по земјата; настана време за песни, и гласот на гугут­ката се слуша во земјата наша;

131,12; 7,14смоквите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди!

14Гулабице моја во карпест пролом, под камено засолниште, покажи ми го лицето свое, дај ми да го чујам гласот твој, зашто гласот ти е пријатен, и ли­цето ти е прекрасно.

15Ез 13,4; Неем 4,3; Лк 13,32Фатете ни ги лисиците, лиси­чи­ња­та, зашто тие ги пустошат лозјата, а лозјата ни цутат.“

166,3; 7,11; Ос 2,2-23Мојот возљубен е мој, јас, пак, сум – негова; тој го пасе стадото меѓу кринови.

174,6; 8,14Во ладовините на вечерта кога сен­ките ги снемува, врати се, мил мој, и би­ди како срна или како млад елен, по планините разделени.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help