Еремија 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Говор на Еремија во храмот

1Слово, што му дојде на Еремија од Господ:

2„Застани кај вратата на домот Гос­подов и објави го таму ова слово и ка­жи: чујте го словото Господово, сите Јудејци, што влегувате низ таа врата да Му се поклонувате на Господ.

318,11Така вели Господ Саваот, Бог Из­ра­илев: ‚исправете ги вашите патишта и вашите дела, и Јас ќе ве оставам да жи­веете на тоа место.‘

4Не надевајте се на лажливи зборови: ‚ова е храмот Господов, храмот Гос­по­дов, храмот Господов.‘

5Но ако ги исправите наполно ва­ши­те патишта и вашите дела, ако верно из­вршувате правда меѓу човекот и ближ­ниот негов,

65,28; 22,3ако не угнетувате туѓинец, сирак и вдовица, не пролевате невина крв на тоа место и не тргнете по други богови за ваше зло,

73,18; Амос 9,15Јас ќе живеам со вас на ова место, во оваа земја, што им ја дадов на предците ваши од века до века.

8Ете, вие се надевате на лажливи збо­рови, кои нема да ви донесат полза.

911,10; Ос 4,2; 5 Мојс 28,64Вие крадете и убивате, вршите прељуба и се колнете криво, му кадите на Ваал и одите по други богови, кои не ги познавате,

10и потоа доаѓате и се исправате пред лицето Мое во овој дом, над кој е по­ви­кано името Мое, и велите: ‚спасени сме‘, за да ги вршите сите тие гадотии и понатаму.

11Мт 21,13Не се претвори ли овој дом во ва­шите очи во разбојничко гнездо, над кој е повикано името Мое? Ете, Јас го ви­дов тоа, вели Господ.

12Но одете сега на Моето место во Силом, каде што порано бев одредил да почива Моето име, и видете што направив со него поради беззаконијата на Мо­јот народ Израил.

137,25; 35,17; Ис 50,2; 65,12И, бидејќи ги вршите сите тие ра­бо­ти, вели Господ, и не слушавте, и ве ви­кав, а вие не одговаравте, –

143 Цар 9,7затоа Јас сега ќе постапам исто со овој дом, над кој е призвано Моето име, на кое вие се надевате, и со местото, што ви го дадов вам и на предците ва­ши, како што постапив со Силом.

1523,39; 4 Цар 17И ќе ве отфрлам од лицето Свое, како што ги отфрлив сите ваши браќа, целото семе Ефремово.

Казна за служење на туѓи богови

16 11,14; 37,3; 5 Мојс 9,14 А ти, не моли се за овој народ и не упатувај за него молитви и молби, и не посредувај пред Мене, зашто нема да те чујам.

17Не гледаш ли, што прават тие во градовите на Јудеја и по улиците еруса­лимски?

18Децата собираат дрва, а татковците палат оган, и жените месат тесто, за да прават банички за кралицата на небото и да вршат преливи за други богови, за да Ме огорчуваат.

19Но Мене ли Ме огорчуваат тие – ве­ли Господ; не себеси ли – за нивни срам?

2017,27; 4 Цар 22,17Затоа вака вели Господ Бог: ете, се излива Мојот гнев и Мојата јарост врз ова место, врз луѓето и врз добитокот, врз полските дрвја и врз земните пло­до­ви, ќе се разгори и нема да угасне.

Принесувањето жртви е залудно

21 6,20; Амос 4,4-5 Вака вели Господ Саваот, Бог Из­ра­илев: – вашите сепаленици принесувајте ги заедно со вашите жртви и јадете го месото;

22Ос 6,6; Амос 5,25; Мих 6,6-8зашто Јас не им говорев на предци­те ваши и не им давав заповеди за сепаленици и жртви во тој ден, кога ги изведов од египетската земја;

2311,4; 2 Мојс 19,5; 5 Мојс 6,3; 26,12туку ова им го заповедав: ‚слушајте го Мојот глас, и Јас ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ, и одете по оној пат, по кој ќе ви заповедам, за да ви биде добро.‘

24Но тие не послушаа и не го нак­ло­нија увото, и живееја по желбите и по упорството на своето лошо срце, и ми свртеа грб, а не лице.

252,20; 4 Цар 21,15Од оној ден, кога предците ваши из­легоа од египетската земја, до денес, ги испраќав кај вас слугите Свои – проро­ците, ги испраќав секој ден од рано утро и постојано,

2617,23; 4 Цар 17,14но тие не Ме послушаа и не го нак­лонија увото, туку станаа тврдоглави, постапуваа полошо од татковците свои.

Крвна Долина

27И кога ќе им ги кажуваш сите овие зборови, тие нема да те послушаат; и кога ќе ги викаш, тие нема да ти се од­ѕиваат.

285,3; 42,13.21; Мт 21,45Тогаш речи им: ‚еве народ, кој не го слуша гласот на Господ, својот Бог, и не прима поука! Нема кај нив вистина, таа е одземена од устата нивна.‘

29Истрижи ја косата своја и фрли ја и почни да плачеш по горите, зашто Гос­под го отфрли и го остави родот што го предизвика гневот Негов.

307,10; 25,29Зашто синовите на Јуда вршат зло пред Моите очи, вели Господ; ги пос­та­вија своите гадотии во домот над кој е повикувано името Мое, за да го осквернат;

3119,5; 5 Мојс 18,10; 4 Цар 21,6и изградија идолско светилиште на Товет во долината на Хиномовите си­но­ви, за да ги изгоруваат во оган синовите свои и ќерките свои, што не сум го за­поведал и кое ни на ум не Ми доаѓало.

32Ез 6,5Затоа, идат дни, вели Господ, кога тоа место нема повеќе да се нарекува Товет и долина на синовите Хиномови, туку Крвна Долина, и во Товет ќе се по­гребуваат поради немање на место.

3316,4; 2 Цар 21,10И труповите на овој народ ќе бидат храна на птиците небески и на ѕве­ро­ви­те земни, и ќе нема кој да ги брка.

3416,9; Варух 2,23; Откр 18,23Во градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски ќе го прекратам гласот на радост и гласот на веселба, гласот на младоженец и гласот на невеста; зашто таа земја ќе стане пустелија.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help