1Ровоам пристигна во Ерусалим и свика од Јудиниот и Венијаминовиот дом сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да војуваат против Израил и да му го вратат царството на Ровоам.
2И дојде слово Господово до Шемаја, човекот Божји, со кое беше речено:
3„Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, цар јудејски, и на сиот Израил во Јудиното и Венијаминовото племе:
4вака вели Господ: ‚не одете и не почнувајте војна со браќата свои; вратете се секој во домот свој, зашто Јас го направив тоа.‘“ Тие ги послушаа зборовите Господови и се вратија од походот против Јеровоам.
Ровоам ги утврдува градовите5Ровоам живееше во Ерусалим и ги загради градовите во Јудеја со ѕидови.
6Ги утврди Витлеем, Етам, Текоа,
7Бет-Цур, Сохо, Адулам,
8Гет, Мареша, Зиф,
9Адораим, Лакиш, Азека,
10Ис.Н. 10,20Цора, Ајалон и Хеврон, што беа на Јудиното и на Венијаминовото племе.
11Ги зацврсти тие тврдини и постави во нив началници и складишта со жито, масло и вино.
12И на секој град му даде штитови и копја и ги зацврсти прилично добро. Под него останаа Јуда и Венијамин.
Свештениците и левитите доаѓаат во Јудеја13 4 Мојс 35,2 Свештениците и левитите, колку што ги имаше по целата земја израилска, се собраа кај него од сите краишта,
144 Мојс 35,2-5зашто левитите ги оставија селата свои и имотите свои и дојдоа во Јудеја и во Ерусалим, бидејќи Јеровоам и синовите негови ги отстранија од свештенството Господово
153 Мојс 17,7; 3 Цар 12,31; 13,33и си поставија пагански свештеници во идолските светилишта на ридовите, за идолите и за телињата што тој ги направи.
16А по нив и од сите племиња израилски, кои го управија срцето свое да Го бараат Господ, Бог Израилев, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господ, Бог на нивните предци.
17Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоновиот син Ровоам три години, зашто одеа по патот на Давид и Соломон во тие три години.
Семејството на Ровоам18Ровоам си ја зеде за жена Махалата, ќерката на Јеримот, син Давидов, и на Авихаил, ќерка на Елијав, син на Јесеј;
19И таа му ги роди синовите: Јеус, Шемарија и Захам.
203 Цар 15,2По неа тој ја зеде Мааха, ќерка Авесаломова, и таа му ги роди Авија, Атај, Зиза и Шеломит.
215 Мојс 17,17Ровоам ја сакаше Мааха, Авесаломовата ќерка, повеќе од сите свои жени и прилежници, зашто тој имаше осумнаесет жени и шеесет прилежници, и роди дваесет и осум синови и шеесет ќерки.
225 Мојс 21,15-17Ровоам го постави Авија, синот на Мааха, за началник и кнез над браќата свои, зашто сакаше да го направи цар.
23Па мудро работејќи, тој ги распрати сите синови свои по сите земји на Јуда и Венијамин, по сите утврдени градови, им даде многу храна и за нив доведе многу жени.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.