1 2,14; Дела 14,23; 15,22; Рим 1,7; 1 Кор 1,2 Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос, благодат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос!
Животот и верата на Солуњаните2 Рим 1,9; Кол 1,3 Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано,
3Рим 8,25; 1 Кор 13,13; Откр 2,2го споменуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.
4Ис 65,9.22; Лк 18,7; Рим 1,7; 2 Сол 2,13; 1 Птр 1,2Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,
5Дела 1,8; Рим 1,16; 15,19зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: сами знаете какви бевме меѓу вас заради вас.
6Мт 10,18; Мк 13,9; Лк 8,13; 21,12-13; Јн 15,20; Фил 1,14; 3,17И вие се угледавте на нас и на Господ, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух,
7Рим 15,26; 1 Птр 5,3така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.
8Рим 1,8; 2 Сол 3,1Зашто од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.
9Ер 10,10; Дела 14,15Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистински Бог,
10Мт 3,7; Рим 5,9; 1 Кор 1,7; Тит 2,13и да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
