1Тогаш дојдоа во Екбатана и се приближија до куќата на Рагуил. Сара ги пречека и љубезно ги поздрави. И тие ја поздравија неа, па потоа ги воведе во домот.
29,6Рагуил ѝ рече на својата жена Една: „Колку ли овој личи на мојот роднина Товит, на синот од брат ми!“
3Тогаш Рагуил ги запраша да му кажат од каде се. Тие му одговорија: „Ние сме од Нефталимовите потомци, кои живеат во прогонство во Ниневија.“
4Потоа пак ги запраша: „А дали го познавате Товит, нашиот брат?“ Откако му одговорија дека го познаваат, Рагуил ги праша дали е жив и здрав. Тие му одговорија дека е жив и здрав.
51 Мојс 43,27-28А Товија додаде: „Тој е мојот татко.“
61 Мојс 29,13; 33,4; 45,14-15Тогаш Рагуил му се приближи, го бакна и заплака.
7Го благослови и рече: „Ти си, значи, синот на оној чесен и благороден човек.“ Но откако слушна дека Товит го загубил видот, се нажали и почна да плаче;
8а плачеше и неговата жена Една и ќерка му Сара.
9Потоа заклаа овен и приготвија изобилни јадења. Товија му рече на Рафаил: „Поприкажувај, брате Азарија, за она што разговаравме по патот за да може да се заврши таа работа!“
103,15Ангелот позборува за тоа со Рагуил, а Рагуил се обрати кон Товија и му рече: „Јади, пиј и биди весел, зашто ти треба да ја земеш мојата ќерка. Но сепак, јас треба да ти ја откријам вистината;
113,8досега сум ја давал мојата ќерка на седуммина мажи, и кога ќе влезеа кај неа, уште истата ноќ умираа. Но ти сега биди весел!“ Товија му рече: „Јас нема да каснам од ништо сѐ додека не се договориме и не направиме што треба да се направи.“ Рагуил му рече: „Земи ја веднаш; таа ти припаѓа по законот: ти си ѝ брат, и таа е твоја. Милосрдниот Бог да ви дарува сѐ што е најдобро!“
128,4.17; 10,13; 1 Мојс 24,33.50Тогаш ја повика својата ќерка Сара, ја фати за рака и му ја даде на Товија за жена, велејќи: „Еве, според Мојсеевиот закон, земи ја и води ја кај татко ти!“ И тогаш ги благослови.
13Потоа ја повика својата жена Една, па зеде свиток, напиша договор и стави печат.
141 Мојс 24,54Дури тогаш почнаа да јадат.
15Рагуил, пак, ја повика својата жена Една и рече: „Приготви ја, сестро, другата спална и воведи ја во неа.“
16Таа направи, како што ѝ рече нејзиниот маж, ја воведе својата ќерка таму и таа заплака. Кога ги виде солзите на својата ќерка, таа ѝ рече:
175,10; Јн 16,20„Успокој се, ќерко моја, и биди храбра: Господарот на небото и на земјата нека ти подари радост место жалост. Успокој се, чедо мое!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
