Езекил 28 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророштво против тирскиот цар

1И дојде слово Господово до мене:

21 Мојс 3,5; 11,4; Ис 14,13; 2 Сол 2,4„Сине човечки, кажи му на на­чал­ни­кот на Тир – вака вели Господ Бог: за­тоа што го издигна срцето свое и ве­лиш: ‚Јас сум бог, седам на божји прес­тол, во срцето на морињата‘, иако си чо­век, а не бог, го изедначуваш твојот ум со умот на Бога,

3ете, како да си помудар од Даниил; и нема тајна, сокриена од тебе;

4со мудроста своја и со разумот свој ти се здоби со богатство и во своите ризници собра злато и сребро;

5со големата мудрост своја преку тр­говијата своја ти го зголеми богатството свое,

6затоа, вака вели Господ Бог: – Би­деј­ќи го изедначуваш твојот ум со умот на Бога,

7еве, Јас ќе доведам против тебе ту­ѓинци, највешти меѓу народите, и тие ќе ги извадат своите мечеви против убави­ната на твојата мудрост и ќе го по­мра­чат твојот блесок;

8тие ќе те турнат во гроб и ќе умреш во срцето на морињата, со насилна смрт.

9Ќе речеш ли тогаш пред твојот уби­ец: ‚јас сум бог‘, кога во раката на оној што ќе те убива, ти ќе бидеш човек, а не бог?

10Ти ќе умреш од раката на туѓинци со смрт како необрезан; зашто Јас го реков тоа“, така вели Господ.

Падот на тирскиот цар

11И дојде слово Господово до мене:

12„Сине човечки, плачи за тирскиот цар и кажи му: – вака вели Господ Бог: ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината.

13Откр 17,4Ти беше во Едем, во Божјата гради­на; твоите облеки беа украсени со се­какви скапоцени камења: рубин, топаз, дијамант, берил, оникс, јаспис, сафир, тиркиз, смарагд и злато, сите вешто ис­ткаени и нанижани на тебе, приготвени во денот кога беше создаден.

141 Мојс 3,24Ти беше помазан херувим – заштитник, и Јас те поставив за тоа; ти беше на светата Божја гора, одеше среде огнени камења.

15Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, сѐ додека не се најде во тебе беззаконие.

16Од твојата обилна трговија се ис­полни со неправда и ти згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме – заштитник, среде огнени камења.

17Од убавината твоја се возгордеа ср­цето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја; затоа Јас те со­бо­рив на земја, те предадов на потсмев пред царевите.

18Со многуте гревови свои во не­пра­ведната твоја трговија ти ги оскверни твоите светилишта; и Јас пуштив оган пред тебе, да те проголта; и Јас те прет­ворив во пепел на земјата пред очите на сите, што те гледаат.

19Сите, што те знаеја меѓу народите, се згрозуваа над тебе, ти стана за ужас и исчезна засекогаш.“

Пророштво против Сидон

20 Јоил 3,4-8; Зах 9,2 И дојде слово Господово до мене:

21„Сине човечки, сврти го лицето свое кон Сидон, и пророкувај против не­го:

22Ис 5,16Ете Јас сум против тебе, Сидоне, и ќе се прославам во тебе и ќе познаат де­ка сум Јас Господ, кога ќе извршам суд над него и ја покажам во него Мојата светост.

23И ќе пратам во него помор и крв на улиците негови и ќе паднат среде него убиени од меч, кој ќе ги нападне сите одреда и ќе познаат дека Јас сум Гос­под.

Израил ќе биде благословен

24 2 Кор 12,7 И во иднина тој нема да биде бодлив трн за домот Израилев и причинител на болка трнлива, повеќе од сите соседи што му сакаат зло и ќе познаат дека Јас сум Господ Бог.“

2536,14Така вели Господ Бог: „Кога ќе го соберам домот Израилев меѓу народите, кај кои се распрснал и ќе ја објавам кај нив светоста Своја пред очите на пле­мињата и тие ќе заживеат во земјата своја, која му ја дадов на Мојот слуга Јаков,

26тогаш ќе живеат во неа во мир и ќе си изградат куќи, ќе насадат лозја и ќе живеат во мир, зашто ќе извршам суд над сите наоколу што ги презираа. И тогаш ќе разберат дека Јас сум Господ, Бог нивни.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help