Осија 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Осија го предупредува Израил

1 8,11; 12,12; 4 Мојс 23,24; 5 Мојс 32,15; Ис 5,1 Израил е рагранета лоза; колку повеќе таа има плод, толку по­ве­ќе се умножуваат жртвениците; колку му е поплодна земјата, толку повеќе се украсуваат идолите.

2Измамничко е срцето нивно, и затоа ќе бидат казнети: Тој ќе ги разруши нивните жртвеници, ќе ги здроби идо­ли­те нивни.

3Сега тие велат: „Немаме цар, зашто немавме страхопочит кон Господа, а и зошто ни е цар?“

4Амос 5,7; 6,12Зборуваат, даваат лажни завети, склучуваат сојузи; правдата се претворила во неправда и расте по браздите на нивните ниви.

54,15; 8,5; 4 Цар 23,5; Соф 1,4; Откр 18,14За телето во Бет-Авен ќе плачат жителите на Самарија; ќе заплаче за него народот негов, и жреците негови, кои се радуваа со него, ќе плачат по славата негова, зашто неа ќе ја снема од него.

65,13; 9,3; 11,5И тој самиот ќе биде врзан и одведен во Асирија како дар на големиот цар; посрамен ќе биде Ефрем, и ќе се засрами Израил поради својата одлука.

7Уништена е Самарија, нејзиниот цар ќе биде исфрлен како лушпа на повр­шината на водата.

84,13; 1 Мојс 3,18; 4 Цар 23,15; Ис 2,10; 5,6; 7,23-25; 32,13; Лк 23,30; Откр 6,16И ќе бидат истребени идолските светилишта на Авен, гревот Израилев; во трње и боцки ќе обраснат жртвени­ците негови, па ќе им речат на планини­те – покријте нѐ, а на ридовите, паднете врз нас!

Господ му се заканува на Израил

9 9,9 Повеќе згреши, Израиле, отколку во деновите на Гива; а и таму да запреше, немаше ли да те стаса војна, како и беззакониците гивејски?

10Ер 2,13Ќе ги казнам како што ќе посакам; ќе се соберат против нив народите, и тие ќе бидат казнети поради двојниот нивни престап.

114,16; Ер 2,20; 5,5; Мт 11,29-30Ефрем е обучена јуница, свикната да врши, и Јас Самиот на нејзиниот убав врат ќе ѝ ставам амут; па Ефрем ќе вле­че, Јуда ќе ора, а Јаков ќе ја дроби земјата.

122,21; Ер 4,3; Мих 6,8; Зах 8,22; Пс 14,2; Дела 17,27Сејте правда – па ќе жнеете милост; разорувајте нова земја, време е да Го побарате Господа, и така Тој, штом ќе дојде, да ве облее со благослов.

138,7; Ис 31,1; Мих 1,13; Јов 4,8Оравте безбожност, жнеевте беззаконие, јадевте плод на лагата, зашто ти се надеваше на своите коли, на многуте војници.

1414,1; Наум 3,10И ќе дојде војна на твојот народ, и сите твои тврдини ќе бидат разрушени, како што Шалман го разруши Бет-Арбел во денот на битката: мајка биваше убивана заедно со децата.

154,15Ете, така ќе ви направам, доме Из­раилев, поради неправдата ваша; во ра­ни зори ќе загине царот Израилев.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help