Езекил 34 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророкување за пропаста на неверните пастири

1 Ер 23,1-6; Зах 11,4-17; Јн 10,1-30 И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, изречи пророштво против пастирите израилски, изречи пророштво и кажи им на пастирите – вака вели Господ Бог: тешко на пас­ти­рите израилски, кои се пасеа сами себе! Зар пастирите не треба да го пасат стадото свое?

3Вие го јадевте маслото и се облекувавте во волна, колевте угоени овци, а стадото не го пасевте.

4Слаби не поткрепувавте, болни не лекувавте, ранети не преврзувавте, ис­те­рани не враќавте и загубени не барав­те, а управувавте со нив преку насилие и жестокост.

54 Мојс 27,17; Мт 9,36; 1 Птр 2,25Тие се распрснаа без пастир, и от­ка­ко се растурија, станаа плен на сите полски ѕверови.

6Мт 18,16Скитаат овците Мои по сите планини и по секој висок рид и распрснати се по целата земја овците Мои, и никој не прашува за нив, и никој не ги бара.

7Затоа, о, пастири, чујте го словото Господово:

8Дела 20,28-29; 1 Птр 5,2-4; Јуда 1,12Жив сум Јас, вели Господ Бог: заради тоа што овците Мои беа оставени да бидат разграбени, па, немајќи пастир, станаа плен на сите полски ѕверови, и заради тоа што пастирите не ги бараа Моите овци, бидејќи тие се пасеа сами себе, а Моето стадо не го пасеа,

9затоа, пастири, чујте го словото Гос­подово:

10вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против пастирите и ќе ги барам овците Свои од рацете нивни, и нема да им да­дам повеќе да ги пасат овците, и пас­ти­рите нема повеќе да се пасат самите се­бе, и ќе ги одземам Моите овци од нив­ните челусти, и тие веќе нема да бидат нивна храна.

Добриот Пастир

11 Мих 7,12-15 Зашто, така вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ги побарам овците Мои и ќе ги најдам.

1230,3; Јоил 2,2Како што пастирот го проверува стадото свое, во оној ден кога ќе се нај­де меѓу своето распрснато стадо, така ќе ги најдам Јас овците Мои и ќе ги ослободам од сите места, каде што биле распрснати во ден облачен и мрачен.

13Ќе ги изведам од народите и ќе ги соберам од земјите, ќе ги доведам во земјата нивна и ќе ги пасам по планини­те израилски, покрај потоци и по сите места, каде што се живее во таа земја.

14Ќе ги пасам на добро пасиште и ќе имаат свое трло на високите израилски планини; таму во трлото ќе се одмораат добро и ќе пасат на сочно пасиште, по планините израилски.

15Моите овци, Јас ќе ги пасам и ќе ги одморам, вели Господ Бог.

16Лк 15,4-7; 19,10Изгубена ќе најдам и истерана ќе вратам, ранета ќе превијам и болна ќе излекувам, здебелена и бујна ќе ис­чис­там; ќе ги пасам со правда.

17Мт 25,32-33Вас, пак, овци Мои, така вели Гос­под Бог, Јас ќе ве судам меѓу овца и ов­ца, меѓу овен и козел.

18Зар малку ви е тоа што пасете на добро пасиште, а другиот дел од па­сиш­тето го газите со своите нозе, и пиете чиста вода, додека остатокот ја матите со нозете свои?

19Па овците Мои треба да го јадат она, што сте го изгазиле вие со нозете свои, и да го пијат она, што сте го из­ма­тиле со нозете свои?

20Затоа, вака вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ве судам меѓу овца згоена и овца слаба.

215 Мојс 33,17Бидејќи со слабините и плеќите се туркате, а со роговите ги бодете сите слаби додека не ги истерате надвор.

22Но Јас ќе ги спасам овците Мои и тие нема веќе да бидат разграбувани, и ќе пресудам меѓу овца и овца.

23Откр 7,17И ќе поставам над нив еден пастир, што ќе ги пасе, слугата Мој Давид; тој ќе ги пасе и тој ќе им биде пастир.

2437,24И Јас, Господ, ќе бидам нивни Бог, а Мојот слуга Давид ќе биде нивни кнез. Јас, Господ, го реков ова.

255,17; Ис 11,6-7И ќе склучам со нив завет за мир и ќе ги отстранам од тој дел на земјата сите лути ѕверови, така што тие ќе жи­веат мирно во степата и ќе спијат во го­рите.

261 Мојс 12,2; 3 Мојс 26,4Ќе ги благословам нив и сѐ што е околу ридот Мој и ќе им праќам на­вре­ме дожд; тоа ќе бидат дождови бла­го­­словени.

27И дрвјата во полето ќе го даваат својот плод и земјата ќе ги дава своите производи; и тие ќе бидат во безопасност на земјата своја и ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе ги скинам вр­с­ките на јаремот и ги ослободам од ра­цете на нивните непријатели.

28Тие нема веќе да бидат плен за наро­дите и полските ѕверови нема да ги ја­дат; тие ќе живеат спокојно и никој нема да ги заплашува.

29И ќе им приготвам бујна градина, тие нема веќе да умираат од глад на земјата и нема да трпат срам од народи­те.

30И ќе познаат дека Јас, нивниот Гос­под Бог, сум со нив и дека тие, домот Израилев, се Мој народ, вели Господ Бог,

31и дека сте вие Мои овци, овци на Моето стадо; вие сте луѓе, а Јас сум ва­шиот Бог,“ вели Господ Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help