1И отиде Самсон во Тимна и таму виде мома од филистејските ќерки. (И таа му се допадна).
21 Мојс 21,21; 34,4Тогаш тој отиде и им јави на татко си и на мајка си и рече: „Видов во Тимна девојка од филистејските ќерки; земете ми ја за жена.“
31 Мојс 24,3-4; 28,1-2; 5 Мојс 7,3-4; 1 Цар 14,6; Неем 13,23-27Татко му и мајка му рекоа: „Зар нема мома меѓу ќерките на браќата твои и во сиот народ, па одиш да земеш жена од необрезаните Филистејци?“ А Самсон му одговори на татко си: „Неа земи ми ја за жена, бидејќи таа ми се свиде.“
413,1Татко му и мајка му не знаеја дека тоа е од Господ, и дека тој бара изговор да им се одмазди на Филистејците; во тоа време Филистејците владееја над Израил.
5И отиде Самсон со татко си и мајка си во Тимна, и кога се приближуваа до лозјата на Тимна, ете еден млад лав, рикајќи му доаѓаше во пресрет.
63,10; 1 Цар 17,34-37; 2 Цар 23,20И Духот Господов слезе врз него, и тој го раскина лавот како јаре; а во раката негова немаше ништо. И не им кажа на татко си и на мајка си што направи.
7И дојде и поразговара со девојката, и таа му се допадна на Самсон.
8По неколку дена, тој пак отиде, за да ја земе, и наврати да го види трупот на лавот, и ете, рој пчели на трупот од лавот и мед.
9Тој зеде од медот во рацете свои, тргна и јадеше по патот; и кога дојде кај татко си и мајка си, им даде и ним, и тие јадеа; но не им кажа дека тој мед го зел од трупот на лавот.
Самсон им поставува гатанка на Филистејците10 1 Мојс 29,22 Дојде и татко му кај девојката, и таму Самсон приреди (седумдневна) гозба, како што обично прават младоженците.
11И штом го видоа таму, избраа триесет свадбени другари, кои ќе бидат кај него.
121 Мојс 45,22; 3 Цар 10,1-2; 4 Цар 5,5; Ез 17,2И им рече Самсон: „Ќе ви поставам една гатанка: ако ми ја одгатнете во текот на седум дена додека трае гозбава и ја погодите точно, ќе ви дадам триесет кошули и триесет промени;
13ако, пак, не можете да ја одгатнете, вие ќе ми дадете триесет кошули и триесет промени.“ Тие му рекоа: „Постави ја гатанката, да ја чуеме.“
14И им рече: „Од јадачот излезе јадење, и од силниот излезе слатко.“ И три дена не можеа да ја одгатнат гатанката.
1515,6; 16,5; Проп 7,26На седмиот ден тие ѝ рекоа на Самсоновата жена: „Премисли го мажот твој, да ни ја одгатне гатанката; инаку ќе те изгориме со оган тебе и домот на таткото твој; зар нѐ поканивте да нѐ ограбите.“
1616,15И плачеше пред Самсон жената негова, велејќи: „Ти ме мразиш и не ме сакаш; ти им зададе гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја одгатнуваш.“ Тој ѝ рече: „На татко ми и на мајка ми јас не им ја одгатнав, на тебе ли да ти ја кажам?“
17И плачеше таа пред него седум дена, додека траеше гоштевањето нивно. Најпосле на седмиот ден тој ѝ ја одгатна, бидејќи таа упорно го молеше. А таа им ја кажа гатанката на синовите на нејзиниот народ.
18И на седмиот ден пред зајдисонце му рекоа граѓаните: „Што е послатко од мед, и што е посилно од лав?“ Тој им рече: „Да не бевте орале со мојата јунечка, немаше да ја одгатнете гатанката моја.“
193,10И Духот Господов слезе врз него, и тој отиде во Ашкелон, каде што уби триесет мажи, ги соблече од нив алиштата, им ги даде промените на оние што ја беа одгатнале гатанката; и се расрди многу, па отиде во куќата на таткото свој.
2015,2.6А жената на Самсон му ја дадоа на неговиот свадбен другар, кој му беше пријател.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.