1Бог ни е нам прибежиште и сила, докажан помошник, во неволја.
261,8Затоа нема да се уплашиме, па макар и земјата да се разниша, и горите да се срушат во срцето морско.
3Ис 54,10; Јов 9,5-6И ако бучат и се креваат водите нивни, и да се тресат горите од жестината нивна.
492,3Речните потоци го веселат Божјиот град, Светото живеалиште на Севишниот.
567,16Бог е среде него; тој нема да се разниша: Бог ќе му помогне уште пред зори.
6124,1Се збунија народите; се потресоа царствата; Севишниот го пушти Својот глас, и Земјата се топи.
7Откр 11,18; Пс 28,1-11Господ Саваот е со нас, Јакововиот Бог е наше прибежиште.
89,9; 47,3; Ис 7,14; 8,9Дојдете и видете ги делата Божји – пустошењата што ги направи Тој на Земјата.
965,5Прекратувајќи ги војните до крајот на Земјата, ќе го скрши лакот и ќе го здроби копјето, и штитовите големи со оган ќе ги изгори.
1075,3; Ос 2,18Застанете и разберете дека Јас сум Бог, возвишен над народите, возвишен над Земјата.
115 Мојс 32,39Господ Саваот е со нас, Јакововиот Бог е наше прибежиште.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
