1Тогаш Јосиф падна врз лицето на својот татко, заплака над него, и го бакна.
2, што е отаде Јордан.
12И направија синовите негови онака, како што им беше заповедал;
13Дела 7,16го однесоа синовите негови во земјата хананска, и го погребаа во пештерата на нивата Махпела, што ја беше купил Авраам од Хитиецот Ефрон, спроти Мамре, за да има гробница.
14А Јосиф се врати во Египет, – тој и браќата негови, и сите, кои беа на погребот на неговиот татко.
По смртта на Јаков15Кога видоа браќата Јосифови дека нивниот татко умре, си рекоа еден на друг: „Да не би да си спомне Јосиф за нашата омраза, па да ни се одмазди за сето зло, што му го направивме!“
16Затоа рекоа да му кажат на Јосиф: „Татко ти остави клетва пред да умре и рече –
17Мт 6,12.14; Лк 17,3‚Вака кажете му на Јосиф: Прости им ги на браќата твои неправдата и гревот нивни, што ти ги направија.‘ И ете, сега прости им го гревот на слугите на татковиот ти Бог.“ А Јосиф заплака, кога му го рекоа тоа.
1837,7.9Потоа дојдоа пред него и рекоа: „Еве, ние сме слуги твои.“
1945,5Јосиф им рече: „Не плашете се, зар сум јас наместо Бог?
20Рим 12,17-21; 1 Сол 5,15Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро, за да се изврши она, што денес се случува: да се зачува животот на многу луѓе.“
21И им рече: „Не плашете се, јас ќе ве прехранам вас и вашите деца.“ Така ги утеши, зборувајќи им од срце.
22И продолжи да живее Јосиф во Египет, тој и браќата негови и целиот дом на таткото негов: поживеа Јосиф сто и десет години.
23И ги виде Јосиф синовите Ефремови до третото колено; а и синовите на Махир, синот Манасиев, се родија на колената Јосифови.
242 Мојс 12,41Тогаш им рече на браќата свои, велејќи: „Јас ќе умрам; но Бог ќе ве посети и ќе ве изведе од оваа земја во земјата, за која им се заколнал на Авраам, на Исак и на Јаков.“
252 Мојс 13,19; Ис.Н. 24,32; Евр 11,22Па ги заколна Јосиф синовите на Израил и им рече: „Кога Бог ќе ве посети вас, вие тогаш понесете ги коските мои одовде со вас!“
26Јосиф умре на сто и десет години. Го балсамираа и го положија во ковчег во Египет.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
