Песна над песните 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 Изреки 7,13 О, да ми беше брат мој, да беше хра­нет од градите на мајка ми! Тогаш, кога ќе те сретнев на улица, ќе сакав да те бакнам, и немаше да ме осудуваат.

23,4; 5,1; 4,13Ќе те поведев и доведев во куќата на мајка ми. Ти ќе ме учеше, а јас, пак, ќе те поев со ароматно вино, со сок од мо­ите калинки.

32,6Левата рака негова е под главата мо­ја, а со десната ме прегрнува.

42,7Возљубениот: Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, немојте да ја разбудувате и немојте да ја вознемирувате возљубената, сѐ додека сама не посака!

53,6; 2,3Хорот: Која е таа, што доаѓа од пус­ти­ната, потпирајќи се на својот воз­љу­бен?

Силата на љубовта

Возљубената: Те разбудив јас под јабол­кницата: таму те родила мајка ти, таму те добила твојата родителка.

61 Мојс 38,18; 3 Цар 21,8; Ер 22,24; Агеј 2,23; Ис 28,15; Ос 13,14; Авак 2,5Положи ме како печат на срцето свое, како прстен на раката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората – лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен.

7Ис 43,2; 50,2; Пс 17,16; 77,20; 1 Мојс 34,12; Изреки 6,31; 31,10Големата вода не може да ја угасне љубовта, и реки нема да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за љубов, тој би бил отфрлен со презир.

8Хорот: Имаме сестра, која е уште мала: уште нема гради; што ќе правиме со сестрата наша, ако дојдат по неа сватови?

9Да беше карпа, ќе изградевме врз неа и дворци од сребро; да беше врата, ќе ја обложевме со кедрови штици.

10Возљубената: Јас сум тврдина, а градите мои се кули; затоа во очите негови јас станав како онаа што нашла мир.

111,6Хорот: Соломон имаше лозје во Ваал-Хамон; тој им го предаде тоа лозје на чувари; секој беше должен да даде за плодовите негови по илјада парчиња сребро.

12Возљубената: А моето лозје си е кај мене. Илјадата нека се за тебе, Соло­мо­не, а двесте – за чуварите на плодовите негови.

13Возљубениот: Жителко на градини­те, другарите го слушаат гласот твој. Дај и јас да го послушам.

14Возљубената: Побрзај мил мој, и би­ди како срна и како еленче по гори ми­рисни!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help