1И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
25 Мојс 14,3-20; Мк 7,19; Дела 10,9-16; Евр 9,10„Кажете им на синовите на Израил и речете им: ова се животните што ги има на земјата, кои можете да ги јадете –
3секое животно што има раздвоени копита и длабок рез меѓу копитата, и кое прежива, тоа да го јадете.
4Мт 23,24Од оние што преживаат или имаат раздвоени копита, не јадете ги само овие: камилата, бидејќи таа прежива, но нема и раздвоени копита; таа е за вас нечиста.
5И питом зајак, бидејќи прежива, но нема раздвоени копита, нечист е за вас,
6и див зајак кој прежива, а нема раздвоени копита, нечист да биде за вас,
7Ис 65,4; 66,3и свињата, бидејќи има раздвоени копита и длабок рез меѓу копитата, но не прежива – нечиста е таа за вас.
8Евр 9,10Од месото нивно да не јадете, ниту, пак, мршите нивни да ги допирате – тие се за вас нечисти.
9А од сѐ она, пак, што е во вода ова јадете го: – сѐ што има перки и лушпи во водата, во морињата и во реките, јадете го.
10Она, пак, што нема перки и лушпи во водата, во морињата и во реките, меѓу она што плива по вода и живее во вода, одвратно да биде за вас.
1111,43Тие треба да бидат за вас одвратни: од месото нивно да не јадете и од труповите нивни да се гнасите.
12Сѐ што нема перки и лушпи во водата, тоа да ви е нечисто.
13А меѓу птиците гнасете се од овие: орелот, грифот, галебот; одвратни да бидат за вас, не јадете ги;
14и јастребот, и соколот од кој било вид,
15и секаков гавран од кој било вид;
16нојот, ластовицата, кукавицата со нивните видови;
17бувот, корморанот и ибисот;
18и лебедот, и чавката, и пеликанот,
19и штркот, и чапјата и слични на нив, и пупунецот и лилјакот;
20Дела 10,14и сите крилести гадинки што одат на четири нозе, да ви се одвратни.
21Мт 3,4Но од сѐ она што има крилја и оди на четири нозе, а има и колена на нозете свои, за да скока по земјата, јадете.
22Од нив јадете ги само овие: скакулците и сличните на нив, соламот со сите негови видови, арголата и сличните на неа, и агавата од кој било вид.
23Сѐ друго што има крилја и оди на четири нозе одвратно да ви е; со тоа да не се осквернувате.
Допир што причинува нечистота24 4 Мојс 19,7.19 Од нив ќе станувате нечисти: секој кој ќе се допре до нивно пцовисано тело, нечист ќе биде до вечерта.
252 Мојс 19,10; 4 Мојс 8,7; 31,24И секој кој ќе носи нивно пцовисано тело да ја испере својата облека и нечист ќе биде до вечерта.
26Секое животно што има нераздвоени копита, но нема длабок рез меѓу копитата или не прежива, нечисто да биде за вас; секој кој ќе се допре до такво, нечист ќе биде (до вечер).
27И сѐ што оди на лапите свои, меѓу сите четвороножни животни, нечисто да ви е; кој ќе се допре до трупот нивни, нечист ќе биде до вечерта.
28И кој ќе понесе труп нивни пцовисан, нека ја испере облеката своја и нечист е до вечерта; тие да ви бидат одвратни.
29Ис 66,17А меѓу животните што лазат по земја да ви бидат нечисти: невестулката, глушецот и желката со нејзините видови
30и ежот и крокодилот, и гуштерот, и полжавот, и кртот.
31Тие да ви се нечисти меѓу животните што лазат по земјата, и кој ќе се допре до нив пцовисани, нечист да е до вечерта.
324 Мојс 19,18; 31,20И секој предмет на кој ќе падне нешто од нив пцовисано, ќе биде нечист, било да е сад дрвен или облека или кожа или вреќа, и секој предмет што е потребен за некоја употреба, да се стави во вода и ќе биде нечист до вечерта; потоа ќе биде чист.
33А и секој сад земјен, во кој ќе падне нешто од тоа, и сѐ што ќе е во него, ќе биде нечисто, а садот скршете го.
34И секое јадење што го јадете, ако на него се излее вода од таков сад, ќе биде нечисто (за вас); и секое питие што се пие во секој таков сад, ќе ви биде нечисто.
35И сѐ на што ќе падне нешто од нивните пцовисани тела нечисто ќе е; и печката и огништето нека се растурат, зашто се нечисти, и нечисти ќе ви бидат.
36Само изворот, бунарот, каде што се собира водата, ќе бидат чисти; но кој се допре до пцовисан труп, ќе биде нечист.
37Ако нешто, пак, од пцовисан труп падне на семе, што се сее, тоа ќе ви биде чисто.
38Но ако на семето се излее вода, па тогаш падне нешто од пцовисан труп на семето, тоа да ви биде нечисто.
395 Мојс 14,21; Ез 4,14; 44,31И кога ќе пцовиса каков и да е добиток од оној што го јадете, ако некој се допре до неговиот труп, нечист ќе биде до вечерта.
40Ез 44,31; Евр 9,10А оној што ќе јаде од трупот негов, нека ја испере облеката своја и нечист ќе биде до вечерта; и кој ќе носи нивни пцовисан труп, нека ја испере облеката своја и нечист ќе биде до вечерта.
41И секаква гадинка што лази по земјата, да ви е одвратна и да не се јаде.
42Сѐ што се влече на мев и сѐ што оди на четири нозе или што е со многу нозе меѓу сѐ она што се влече по земјата, тоа да не го јадете, бидејќи е нечисто.
4311,11Не поганете ги душите ваши со ниедно од животните што лазат и не осквернувајте се од нив, за да не станете нечисти преку нив,
4419,2; 20,7; 2 Мојс 22,31; 4 Мојс 15,40; 5 Мојс 14,2; Ис.Н. 24,19; 1 Цар 2,2; Мт 5,48; 1 Птр 1,16зашто Јас сум Господ, вашиот Бог, осветувајте се и бидете свети, бидејќи Јас сум свет; и немојте да ги осквернувате душите ваши со какво и да е животно што лази по земјата.
4526,45; 1 Мојс 17,7; 2 Мојс 19,6; 1 Птр 1,16Бидејќи Јас сум Господ што ве изведе од земјата египетска, за да ви бидам Бог; и така – бидете свети, зашто Јас сум свет.
46Тоа е закон за добитокот и за птиците, и за секоја жива душа што се движи во вода, и за секое животно што лази по земја,
47за да се распознава нечистото од чистото и животните што можат да се јадат од животните што не треба да се јадат.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.