1 3,20; 6,1 Пак му рече Господ на Мојсеј: „Уште едно зло ќе пратам над фараонот и над Египет, па тогаш ќе ве пушти оттука; и кога ќе ве пушти, просто ќе ве истера оттука.
23,21-22А сега кажи му на народот (тајно): секој човек нека побара од соседот свој и секоја жена од сосетката своја сребрени и златни предмети.“
33,21-22; 5 Мојс 34,11; Дела 7,22И даде Господ народот да најде благонаклоност кај Египќаните (и му дадоа); а и самиот Мојсеј беше многу голем човек во египетската земја, во очите (на фараонот и) на слугите фараонови и пред народот.
412,12; 12,23.29; Јов 34,20И рече Мојсеј: „Вака вели Господ: ‚На полноќ ќе поминам низ Египет,
54,23; 13,11-16; Ис 47,2и ќе умре секој првороден во земјата египетска, од првородениот син фараонов, кој треба да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се наоѓа во воденицата, и првородениот добиток.
612,30; Амос 5,17И ќе настане голем пискот по целата египетска земја, каков што досега немало, ниту некогаш ќе го има.
78,22А кај синовите на Израил нигде нема ни куче да залае со својот јазик, ниту против човек, ниту против животно, за да се види каква разлика прави Господ меѓу Израилците и Египќаните.‘
812,31-33Па ќе дојдат сите тие слуги твои кај мене, и ќе ми се поклонат, велејќи: ‚Оди си и ти и целиот твој народ, што го водиш со тебе.‘ И тогаш ќе излезам.“ И си излезе Мојсеј разгневен.
93,20; 7,4А Господ му рече на Мојсеј: „Нема да ве послуша фараонот, за да се умножат чудата Мои во земјата египетска.“
104,21Мојсеј и Арон ги направија сите овие чуда пред фараонот, но Господ му го ожесточи срцето на фараонот, и тој не ги пушти синовите израилски од својата земја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
