Псалми 143 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 143Молитва за помош во борба и победа

1 17,46; 17,34; 2 Цар 22,2.35 Нека е благословен Господ, Карпата моја, Кој ги учи рацете мои за борба и прстите мои за војна.

217,2Тој е милост моја и прибежиште мое, мој застапник и избавител мој – и јас на Него се надевам. Тој ми го пот­чи­нува мојот народ мене.

38,4; Јов 7,17; Сир 18,8Господи, што е човекот, па внимаваш на него, или син човечки – та да се сеќаваш на него?

438,5; 108,23; Јов 8,9; 13,2Човекот е како здив; дните негови одминуваат како сенка.

517,9; 103,32; 2 Цар 22,10; Ис 63,19; 63,1Господи, приклони ги небесата Свои и слези; допри се до горите, и тие ќе се здимат;

617,14; 5 Мојс 32,23; 2 Цар 22,15болсни со молњи и растерај ги, пуш­ти ги стрелите Свои и распрсни ги;

717,16; 2 Цар 22,17подај ја раката Твоја од височини, изведи ме и избави ме од многуте води, од рацете на туѓински синови,

8Ис 44,20чии усти кажуваат лага и чија дес­ни­ца е десница на неправдата.

932,2-3; 95,1; 97,1; 149,1; Ис 42,10; Откр 5,9Боже, нова песна ќе Ти испеам, ќе Ти свирам на харфа со десет жици.

1017,50Ти им даруваш спасение на цареви­те, Ти го избави Твојот слуга Давид од остар меч.

11Избави ме и отми ме од рацете на туѓинските синови, чии усти лага гово­реа и чија десница е десница на неправдата.

12127,3; Јов 42,14-15; Сир 26,18Дај синовите наши да се како нови насади во младоста своја, нашите ќерки – накитени и украсени како столбови во храмот.

133 Мојс 26,4-5; 5 Мојс 7,13Да ни бидат полни житниците на­ши, во изобилие со секаква храна; да се плодат овците наши по пасиштата свои.

143 Мојс 26,6; Ис 65,19И воловите да ни се угоени, да нема паѓање на оградите, ни ропство, ниту офкање по улиците наши.

1532,12; 145,5; 5 Мојс 33,29Блажен е оној народ, кој го има тоа! Блажен е оној народ, на кого Господ му е Бог!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help