Езекил 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 Откр 10,8-10 И ми рече: „Сине човечки, изеди го тоа што е пред тебе, изеди го овој свиток, па оди и зборувај му на Изра­ил.“

2Тогаш ја отворив устата и Тој ми го даде свитокот за да го изедам.

3Потоа ми рече: „Сине човечки: устата твоја ќе го изеде овој свиток и утробата твоја ќе се насити со овој свиток, што ти го давам Јас.“ И јас го изедов, а во устата почувствував сладост како мед.

4И пак ми рече: „Сине човечки, стани и појди во домот Израилев и кажи им ги Моиве зборови,

5зашто те праќам не кај народ непознат и со неразбирлив јазик, туку во до­мот Израилев,

6не кај народ со неразбран збор и не­поимлив јазик, чии зборови не можеш да ги разбереш; но дури и кај нив да бев те пратил, и тие ќе те разбереа;

7а домот Израилев не ќе сака да те слуша, тие не сакаат Мене да ме слу­ша­ат, бидејќи сиот дом Израилев е тврдо­глав и со жестоко срце.

8И, ете, Јас го направив и твоето ли­це тврдо како нивните лица, и твоето чело ќе го стврднам против нив.

9Ис 50,7; Ер 1,18Челото твое го направив како дијамант, кој е потврд од каменот; не бој се од нив и не плаши се од нивното лице, зашто тие се дом отстапнички.“

10И ми рече: „Сине човечки, сите збо­рови Мои што ти ги кажувам, прими ги во срцето свое и слушај ги со ушите свои;

11стани, па оди кај изгонетите, кај си­новите на твојот народ, зборувај им и кажи им – вака вели Господ Бог – па послушале тие, или не.“

12И Духот ме подигна; а зад себе чув голем грмотевичен глас: – „Бла­го­сло­ве­на е славата на Господ од местото Него­во!“

131,15А слушнав и шум од крилјата на оние животни, што се допираа едно до друго, како и шум од тркалата нивни, како и звук од силен гром.

141,3Тогаш Духот ме подигна и ме по­не­се. И појдов огорчен, со нажален дух; но крепката рака Господова беше над мене.

15И дојдов при робовите во Тел-Авив, кај оние кои живееја покрај реката Кевар, и се задржав таму и по­минав кај нив седум дена, чудејќи се.

Езекил поставен за духовен стражар

16А кога заминаа седумте дена, дојде до мене слово Господово:

17Ер 6,16-19„Сине човечки, Јас те поставив за стражар над домот Израилев, и ти ќе го слушаш словото од устата Моја, и ќе ги опоменуваш во Мое име.

1818,4.20Кога ќе му речам на беззаконикот: ‚Бездруго ќе умреш!‘, а ти не го опо­ме­неш и не зборуваш, за да го одвратиш беззаконикот од неговиот грешен пат, за да биде жив, – тогаш тој беззаконик ќе умре во беззаконието свое, но крвта негова Јас ќе ја барам од рацете твои.

19А, ако го опоменеш беззаконикот и тој не се откаже од беззаконието свое и од грешниот свој пат, беззаконикот ќе умре во беззаконието свое, а ти ќе си ја спасиш душата своја.

2018,24.26; 2 Птр 2,21И, ако праведник отстапи од правдата своја и постапи грешнички, кога Јас ќе му ставам сопка, и умре, ако не си го предупредил, тој ќе умре поради гревот свој, и нема да му се примаат праведните дела, што ги направил; но крвта негова ќе ја барам од твоите раце.

21Ако го опоменеш праведникот, за да не греши, и тој не греши, тогаш и тој ќе биде жив, затоа што си го пре­ду­пре­дил и ти ќе си ја спасиш душата своја.“

Езекил ќе онеми

22И беше таму врз мене пак раката Господова, и Тој ми рече: „Стани и из­лези во полето; Јас ќе зборувам таму со тебе.“

23Станав, и излегов во полето, и ете, таму беше славата Господова, како славата, што ја видов при реката Кевар; и паднав ничкум.

24И влезе во мене Духот и ме исправи на нозе, и Тој говореше со мене и ми ре­че: „Оди и затвори се во домот твој.

25Сине човечки, ете, ќе ти стават ве­риги, и ќе те врзат во нив, и не ќе мо­жеш да излегуваш меѓу нив.

26А јас ќе ти го залепам јазикот твој за непцето, и ти ќе онемееш, и не ќе мо­жеш да ги укоруваш, зашто тие се дом отстапнички.

272,5; 12,3; 24,27; 29,21; 33,22; Мт 11,15; Откр 22,11А кога Јас ќе зборувам со тебе, то­гаш ќе ти ја отворам устата твоја и ти ќе им зборуваш: вака вели Господ Бог! Кој сака да слуша, нека слуша; а кој не сака да слуша – нека не слуша; зашто тие се дом отстапнички.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help