1 Ер 24,1; 25,1; 29,1; 32,1; 34,1; Дан 1,1-2 Во неговите дни се крена вавилонскиот цар Навуходоносор; и Јоаким му стана потчинет за три години, но подоцна се одметна од него.
2И Господ испрати против него мноштво Халдејци, и многу Арамејци, и многу Моавци, и многу од синовите Амониеви, – ги испрати против Јуда за да го погуби, според словото на Господ што го беше рекол преку Своите слуги – пророците.
3Тоа стана со Јуда по заповед на Господ за да го отфрли од лицето Свое за гревовите на Манасија, за сѐ она што тој го беше извршил;
4и за невината крв што ја пролеа, исполнувајќи го Ерусалим со невина крв, Господ не сакаше да прости.
5Другите работи за Јоаким и за сѐ она што тој го беше извршил, опишано е во летописите на јудејските цареви.
6И почина Јоаким кај предците свои, а наместо него стана цар неговиот син Јехојахин.
7Египетскиот цар веќе не излегуваше од својата земја, зашто вавилонскиот цар беше презел сѐ, од египетскиот поток до реката Еуфрат што му припаѓаше на египетскиот цар.
Јехојахин, цар на Јудеја; прво прогонство(2 Лет 36,9-10)8Јехојахин беше на осумнаесет години кога стана цар, и царуваше три месеци во Ерусалим; мајка му се викаше Нехушта, ќерка на Елнатан, од Ерусалим.
9И тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, во сѐ онака, како што тоа го правеше татко му.
10Во она време слугите на вавилонскиот цар Навуходоносор настапија кон Ерусалим, и градот беше опколен.
11Вавилонскиот цар Навуходоносор дојде до градот што слугите негови го опседнаа.
12Ер 22,24-30Тогаш јудејскиот цар Јехојахин отиде кај вавилонскиот цар – тој, и мајка му, и слугите негови, кнезовите негови, и дворјаните негови, – и го зароби вавилонскиот цар во осмата година од царувањето свое,
13и изнесе сѐ од ризниците на домот Господов и од ризниците на царскиот дом; и ги здроби, како што беше рекол Господ, сите златни садови, што Соломон, царот Израилев, ги беше направил за храмот Господов;
1415,29и го исели целиот Ерусалим, и сите кнезови, и сета храбра војска – беа преселени десет илјади, – и сите дрводелци и ковачи; никој не остана, освен сиромасите на таа земја.
15Тој го пресели Јехојахин во Вавилон; исто така и мајка му на царот, и жените на царот, и големците негови, и големците на земјата ги одведе од Ерусалим за да ги насели во Вавилон.
16И сета војска, на број седум илјади, и ковачи и бравари – илјада; сите јунаци, способни за војна, ги одведе вавилонскиот цар за да ги насели во Вавилон.
17Ер 37,1; Ез 17,5-6; 17,13-14И вавилонскиот цар го направи цар Матанија, стрикото на Јехојахин, место него, и му го промени името во Седекија.
18Седекија беше на дваесет и една година, кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим; мајка му се викаше Хамутал, ќерка на Еремија, од Ливна.
19И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, во сѐ онака како што го правеше тоа Јоаким.
20Ез 17,7-8.15Гневот на Господ над Ерусалим и над Јуда беше толку голем што Тој ги отфрли од лицето Свое. И Седекија се одметна од вавилонскиот цар.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.