Еремија 37 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Царот Седекија бара од Еремија да се моли

1Наместо Конија, синот Јоакимов, царуваше Седекија, синот Јо­шиев, кого вавилонскиот цар Навухо­до­носор го постави за цар во јудејската земја.

2Ни тој, ни слугите негови, ниту, пак, народот од земјата не ги послушаа збо­ровите на Господ, кои Тој им ги кажа преку пророкот Еремија.

37,16; 42,2; 3 Цар 13,6; 4 Цар 19,4Царот Седекија ги испрати Јехухал, синот Шелемиев, и свештеникот Со­фо­нија, син Маасеев, кај пророкот Ереми­ја да кажат: „Помоли се за нас на наши­от Господ Бог.“

4Еремија тогаш сѐ уште слободно влегуваше и излегуваше пред народот, бидејќи уште не беа го затвориле во темница.

5Во меѓувреме фараоновата војска излезе од Египет, и Халдејците кои го опседнуваа Ерусалим, штом разбраа за тоа, отидоа од Ерусалим.

6И дојде слово Господово до проро­кот Еремија:

721,2; 32,2.24вака вели Господ, Бог Израилев – ка­жете му на јудејскиот цар, кој ве испра­ти до мене да ме прашате: еве, војската на фараонот, што ви дојде на помош, ќе се врати во земјата своја, во Египет;

8а Халдејците пак ќе дојдат и ќе се борат против овој град, ќе го преземат и ќе го изгорат со оган.

9Така вели Господ – не лажете се, ве­лејќи си во себе: „Бездруго ќе си отидат Халдејците од нас“, зашто нема да си отидат;

10дури и да бевте ја разбиле сета вој­ска на Халдејците, кои војуваат против вас, и да останеа кај вас само ранетите, тогаш и тие би станале, секој од ша­то­рот свој и би го изгореле овој град со оган.

Еремија го затвораат

11И во тоа време, кога халдејската војска се оддалечи од Ерусалим, поради фараоновата војска,

1232,8Еремија тргна од Ерусалим, па дој­де во земјата на Венијамин, сокривајќи се од народот.

13А кога беше пред портата Ве­ни­ја­минова, тамошниот управител на стра­жата, по име Ирија, син Шелемиев, син Ха­наниев, го задржа пророкот Еремија и рече: „Ти сакаш да побегнеш кај Хал­дејците, зар не?“

14Еремија одговори – „Лага е тоа; не сакам да бегам кај Халдејците.“ Но Ирија не го послуша, го фати Еремија и го одведе кај кнезовите.

15Кнезовите се разгневија на Еремија, го тепаа и го затворија во темница, во куќата на писарот Јонатан, бидејќи ја беа направиле затвор.

16Еремија влезе во темницата и во визбата, и таму остана долго време.

17Царот Седекија испрати по него и го доведоа. И го праша царот во својот дом тајно, велејќи: „Нема ли слово од Господ?“ Еремија одговори: „Има“, и додаде: „Ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар.“

18Тогаш Еремија му рече на царот Седекија: „Што згрешив пред тебе, пред слугите твои и пред овој народ, па ме фрливте во темница?

19И каде се вашите пророци, кои ви пророкуваа, кажувајќи: ‚Вавилонскиот цар нема да дојде против вас и против оваа земја?‘

20А сега, чуј, господаре мој, царе, слушни ја молбава моја пред лицето твое; не враќај ме во куќата на писарот Јонатан, за да не умрам таму.“

2138,6.13.28Тогаш царот Седекија заповеда да го затворат Еремија во стражарницата, и таму му даваа по едно парче леб на ден од улицата на лебарите, сѐ додека не се заврши сиот леб во градот. И така остана Еремија во стражарницата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help