Захарија 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Петто видение: Златен свеќник и две маслини

1И се врати оној ангел, кој зборуваше со мене, и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон.

22 Мојс 25,31-40; 3 Цар 7,49; Ер 52,19; Откр 2,1Па ми рече: „Што гледаш?“ Од­го­ворив: „Еве, гледам свеќник цел од злато и чашка за масло врз него, а и седум кандилца на него и по седум цевчиња за кандилцата, при врвот.

3Откр 11,4И две маслинови дрвја на него – едно десно од чашката, а друго лево од неа.“

4Му се обратив и му реков на ан­ге­лот, кој говореше со мене: „Што прет­ставува ова, господине?“

5И ангелот, што зборуваше со мене, одговори и ми рече: „Зар не знаеш што е тоа?“ Му реков: „Не знам, господине мој.“

61 Цар 17,47; Ос 1,7Тогаш одговори и ми рече: „Тоа е словото Господово кон Зоровавел, што кажува – не со сила не со снага, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот.

7Ис 28,16; Пс 117,22; Јов 38,6-7; 1 Птр 2,4Која си ти, планино голема, пред Зоровавел: пред него си рамнина и тој ќе го изнесе каменот темелник со вос­клик: благодат, благодат врз него!“

8И дојде слово Господово до мене:

92,11„Рацете на Зоровавел ги поставија основите на овој дом: неговите раце и ќе го завршат, и ти тогаш ќе раз­бе­реш дека Господ Саваот ме прати кај вас.

103,9; Агеј 2,3-5; Откр 5,6Зашто, кој го презира денот на скромните почетоци? Ќе се израдува­ат кога ќе ја видат ѕидарската висулка во рацете на Зоровавел. Оние се­дум се очите на Господ, што со поглед ја опфаќаат целата земја!“

11Потоа одговорив и му реков: „Што значат оние две маслинови дрв­ја од десната и од левата страна на свеќникот?“

12И пак почнав да му зборувам и му реков: „Што треба да означуваат оние две маслинови гранчиња, што се наоѓаат меѓу двете златни цевчиња, кои долеваат масло?“

13А тој ми рече: „Зар не ти е познато што е тоа?“ Му одговорив: „Не знам, господине мој.“

146,5; Ис.Н. 3,11; Мих 4,13; Откр 11,4Тогаш тој ми рече: „Па тоа се двај­ца­та помазаници кои стојат пред Господарот над целата земја.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help