1 1 Мојс 37,9; Пс 103,2; Песна 6,10 И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина – венец од дванаесет ѕвезди.
2Ис 66,7-8; Мих 4,10Таа беше бремена и викаше од породилни болки, и се мачеше да роди.
3Дан 7,7Потоа се јави друг знак на небото. Ете, голем црвен змев со седум глави и десет рогови, а на главите негови седум круни;
4Дан 8,10опашката негова повлече една третина од небеските ѕвезди и ги фрли на земјата. Змевот застана пред жената, која сакаше да роди, та, кога ќе роди, да го изеде детето нејзино.
52,27; 19,15; Пс 2,9И таа роди машко дете, кое ќе ги пасе сите народи со железен жезол; и детето нејзино беше грабнато и однесено кај Бога и Неговиот престол.
611,2; 12,14А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена.
7Дан 10,13; 12,1; Јуда 1,9И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив;
8но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото.
920,2; Лк 10,18; Јн 12,31И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборена на земјата, и заедно со неа и ангелите нејзини беа исфрлени.
1011,15; Јов 1,9-11; 2,4-5И чув висок глас на небото како зборува: „Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе.
111 Јн 2,14Тие го победија со крвта на Јагнето и со словото на своето сведоштво и не се грижеа за животот свој дури до самата смрт.
1218,20; Ис 44,23; 49,13; Пс 95,11Затоа веселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив! Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време!“
13А кога виде змевот дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената што го беше родила машкото дете.
142 Мојс 19,4; 5 Мојс 32,11; Ис 40,31; Дан 7,25; 12,7И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.
15И змијата од устата своја испушти по жената вода како река, за да ја одвлече со реката.
16Но земјата ѝ помогна на жената: ја отвори земјата устата своја и ја проголта реката што ја беше испуштил змевот од устата своја.
1711,7; 13,7; Дан 7,7.21И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос.
18И застана на морскиот песочен брег.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.