1 2 Цар 6,3.4 И дојдоа мажи од Кирјат-Јарим, го зедоа ковчегот на заветот Господов и го однесоа во куќата на Авинадав, на ридот, а синот негов Елеазар го посветија да го чува ковчегот на заветот Господов.
Филистејците се победени. Самоил, водач на Израил2 Суд 6,6; 10,10 Од оној ден, кога ковчегот остана во Кирјат-Јарим, измина многу време, речиси дваесет години. И сиот Израилев дом гледаше со почит кон Господ.
31 Мојс 35,2; Ис.Н. 24,14.23; Суд 10,13; Мт 4,10И му рече Самоил на сиот Израилев дом, велејќи: „Ако од сѐ срце Му се враќате на Господ, отстранете ги од средината своја туѓите богови и статуите на Аштарта, подгответе ги срцата свои за Господ и Нему единствено служете Му, и Тој ќе ве избави од филистејските раце.“
4Суд 2,13; 10,10И Израилевите синови ги отстранија разните Вааловци и Аштарти и почнаа да Му служат само на Господ.
512,19.23; Пс 98,6; Сир 46,16И рече Самоил: „Соберете ги сите Израилци во Мицпа, и јас ќе Му се помолам на Господ за вас.“
6Суд 20,26; Ис 58,2-7; Неем 9,1И се собраа во Мицпа, и црпеа вода, ја истураа пред Господ, и постеа тој ден, велејќи: „Згрешивме пред Господ.“ А Самоил им судеше на синовите Израилеви во Мицпа.
717,11Кога Филистејците слушнаа дека синовите Израилеви се собрале во Мицпа, кнезовите нивни излегоа против Израил; Израилците, откако го слушнаа тоа, се уплашија од Филистејците.
82 Мојс 17,4; 17,8-13; Пс 98,6; Сир 46,16-18Тогаш Израилевите синови му рекоа на Самоил: „Не престанувај да Го молиш Господа, нашиот Бог за нас, та некако да нѐ спаси од филистејските раце.“ (И Самоил рече: „Не може да биде тоа, јас да отстапам од Господ, мојот Бог, и да не молам за вас, во моите молитви.“)
92 Мојс 29,38; 3 Мојс 23,12; Пс 21,5И Самоил зеде едно јагне цицалче и го принесе, (заедно со сиот народ), како жртва сепаленица на Господ; повика Самоил кон Господ за Израил и Господ го слушна.
10Ис.Н. 10,10-11; Суд 5,20-21; 2 Цар 22,14-15И кога Самоил ја принесуваше сепалиницата, Филистејците дојдоа да се борат против Израил. Но тој ден Господ загрме со силен татнеж над Филистејците и испрати против нив силен ужас, и тие така се збркаа што паднаа пред Израил.
11Израилците излегоа од Мицпа, ги гонеа Филистејците и ги разбиваа сѐ до под Бет-Кар.
121 Мојс 35,14; Ис.Н. 4,9И Самоил зеде еден камен и го стави меѓу Мицпа и Шен, и го нарече Евен-Езер што значи „До овде ни помогна Господ.“
132 Мојс 9,3; 5 Мојс 2,15; Суд 4,23; 8,28; 11,33; 2 Цар 24,17Така беа скротени Филистејците и не се осмелуваа повеќе да дојдат во пределите Израилеви. И раката Господова беше врз Филистејците во текот на сите денови на Самоиловиот живот.
14А му беа вратени на Израил градовите што Филистејците ги беа презеле од Израил, од Екрон дури до Гет, и Израил ги ослободи пределите нивни од филистејските раце, и настана мир меѓу Израил и Аморејците.
15Суд 4,4; 12,7-9.11; 12,13-14; 16,31И Самоил беше судија над Израил за сите денови на својот живот.
16И секоја година одеше и го обиколуваше Ветил, Гилгал и Мицпа, и му судеше на Израил по сите тие места.
17Потоа се враќаше во Рама, бидејќи таму беше куќата негова, таму живееше и таму му судеше на Израил, а таму изгради и жртвеник на Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.