1Жителите ерусалимски место него за цар го поставија Охозија, најмалиот негов син, бидејќи сите постари беа убиени од разбојници, што се беа приближиле до логорот со Арапите, – и така стана цар Охозија, синот на јудејскиот цар Јорам.
2Охозија беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим една година; мајка му се викаше Готолија, ќерка на Амвриј.
3И тој исто така одеше по патиштата на Ахавовиот дом, зашто мајка му беше негова советничка во незаконските дела.
4Тој го правеше она што беше неугодно пред очите на Господ, како домот Ахавов, зашто по смртта на татко му тој дом му беше советник, за негова пропаст.
5И, следејќи го нивниот совет, Охозија отиде со израилскиот цар Јорам, син Ахавов, во војна против Азаил сирискиот цар, во Рамот Галаадски. И Арамејците го ранија Јорам;
63 Цар 19,15; 4 Цар 8,13-15тој се врати во Израил да се лекува од раните, што му ги нанесоа во Рама, кога војуваше со Азаил, сирискиот цар. И Охозија, синот Јорамов, цар јудејски, дојде да го посети Јорама, синот Ахавов, во Израил, бидејќи тој беше болен.
74 Цар 9,1-10Тоа беше од Бога за пропаст на Охозија, затоа што тој дојде кај Јорам; зашто, откако дојде, излезе со Јорам против Јуј, синот Нимшиев, кого Господ го беше помазал за истребување на домот Ахавов.
84 Цар 10,13Кога Јуј извршуваше суд над домот Ахавов, ги најде началниците јудејски и синовите на Ахазиевите браќа, кои му служеа на Охозија, и ги уби.
9Суд 9,5Тогаш заповеда да го бараат Охозија; го фатија, кога се криеше во Самарија; го доведоа кај Јуј, го убија и го погребаа, зашто велеа: тој е син на Јосафат, кој Го бараше Господа со сето срце свое! И не остана во домот Ахазиев никој, кој би можел да царува.
Злобната царица Готолија(4 Цар 11,1-3)10А Готолија, Ахазиевата мајка, откако виде дека син ѝ умрел, стана и го погуби сиот царски род на Јудиниот дом.
11Но царската ќерка Јосафат го зеде Ахазиевиот син Јоас, го грабна меѓу царските синови, кога ги убиваа, и го скри со доилката во спалната соба. На тој начин Јосафат, ќерката на царот Јорам, жена на свештеникот Јехојада, сестра на Охозија, го сокри Јоас од Готолија, и таа не го уби.
12И го криеја кај нив во домот Божји шест години; а над земјата царуваше Готолија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
