1 2 Цар 8,9-10; 4 Цар 20,12-19 Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Баладан, син Баладанов, испрати до Езекија писмо и дарови, зашто беше чул дека тој бил болен и оздравел.
2Ер 9,24Им се зарадува Езекија на гласниците и им ја покажа својата ризница, среброто и златото, пријатните мириси и скапоцените масла, целата своја оружница и сѐ што се наоѓаше во неговата ризница, – не остана ништо, што не им го покажа Езекија во домот свој и по целото свое царство.
32,7; 7,3; 30,1Тогаш дојде пророкот Исаија кај царот Езекија и му рече: „Што рекоа овие луѓе? Од каде дојдоа кај тебе?“ Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа тие кај мене, од Вавилон.“
4И праша Исаија: „Што видоа тие во твојот дом?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што има во мојот дом; ништо не остана во мојата ризница, што не им покажав.“
5И му рече Исаија на Езекија: „Ислушај го словото на Господ Саваот:
64 Цар 24,12-14; Ер 20,5; 27,21-22; Зах 14,1ете, ќе дојдат дни, и сѐ што има во домот твој и што собрале татковците твои до денес, сѐ ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане, вели Господ.
7Ер 52,28-30; Дан 1,3; 3 Цар 21,29Ќе земат и од твоите синови, што ќе произлезат од тебе, што ќе ги родиш, и тие ќе бидат евнуси во дворецот на вавилонскиот цар.“
8А Езекија му рече на Исаија: „Добро е словото Господово, што ти го изрече; а во себе помисли: барем ќе има мир и сигурност во текот на моите дни.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
