1 Макавејска 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Смртта на Антиох Епифан

1Во тоа време царот Антиох, кога минуваше преку горните области, разбра дека во Персија има еден град, по име Елимаис, прочуен со богатство, со сребро и злато,

2и дека во него има храм, кој бил многу богат, дека таму имало златни предмети, оклопи и оружје, оставени од Александар, синот на Филип, македон­ски цар, кој прв се зацари над Елините.

3Затоа појде и се обидуваше да го преземе градот и да го ограби, но не ус­пеа затоа што жителите ја дознаа неговата намера.

4Тие му се спротивставија со силна војска, па избега оттаму со голема мака и се врати во Вавилон.

5Тогаш во Персија некој дојде при не­го и го извести дека војските, кои отиш­ле во земјата на Јуда, биле победени,

6дека Лисиј одел со силна војска пред сите, но дека бил разбиен од Јудејците и дека тие многу се осилиле и со оружје, и со војска и со многу плен што го зеле од војските, победени од нив,

71,54дека го разурнале одвратниот идол, кој тој го подигнал над жртвеникот во Ерусалим, а дека и светилиштето го ог­радиле, како што било пред тоа, со ви­соки ѕидови, а исто така и Бет-Цур, не­говиот град.

8Кога царот ги чу тие зборови, многу се исплаши и се вознемири, падна на постела, изнемоштен од тага, затоа што не се исполнила неговата желба.

9Повеќе денови остана така, зашто неговата тага стануваше сѐ поголема и мислеше дека веќе умира.

102,18; 1 Цар 17,32Тогаш ги повика сите свои прија­те­ли и им рече: „Се загуби сонот од моите очи, а срцето мое изнемогна од тага.

11Си реков на срцето мое: до каква тага дојдов јас и колку е голема мојата мака, во која се наоѓам! А бев и корисен за мојата држава и сакан од моите по­да­ници.

12Сега си спомнувам за сите зла што ги направив во Ерусалим, како ги зедов сите златни и сребрени садови од него и попусто ги праќав на убивање сите жи­тели на Јудеја.

13Сега знам дека поради сето тоа ме постигнаа овие мои неволји и, ете, јас умирам од голема мака во туѓа земја.“

146,55.63Тогаш го повика Филип, еден од своите пријатели, и го постави над це­лото свое царство;

15му ја даде круната; својата царска облека и својот прстен, и го постави да го воспитува неговиот син Антиох, да го учи како треба да управува со цар­ството.

16Царот Антиох умре во сто чети­ри­есет и деветтата година.

17Кога Лисиј разбра дека царот ум­рел, тој го постави за наследник него­ви­от син Антиох, кој го воспитуваше уш­те од неговото детство и му беше дал име Евпатор.

Опсадата на тврдината

18 1,33-36 Оние што беа во тврдината, ги воз­немируваа Израилците околу свети­лиштето и секогаш настојуваа да им прават штета, а на незнабошците да им помагаат.

19Јуда реши да ги изгони, па го повика сиот народ за да ги опседне.

206,31; 2 Лет 26,15Сите се собраа и ги опседнаа во сто и педесеттата година; против нив по­с­та­ви­ја орудија за стрелање и бојни на­пра­ви.

21Но некои од опседнатите успеаја да излезат, а кон нив се придружија и не­кои од безбожните Израилци;

22тие отидоа кај царот и му рекоа: „До кога ќе се колебаш и нема да ги од­маздиш нашите браќа?

23Ние се согласивме да му служиме на твојот татко, да се однесуваме според неговите заповеди и да ја извршуваме не­говата волја.

2411,53; 15,27А синовите на нашиот народ ја оп­седнаа крепоста и нѐ замразија; кога ќе нѐ најдат – нѐ убиваат и имотот наш го ограбуваат.

25И не дигнале раце само против нас, туку и против сите твои области.

26И, ете, сега ја опседнаа тврдината во Ерусалим, за да ја преземат, а свети­лиштето и Бет-Цур ги утврдија.

27Ако не побрзаш и не ги спречиш, тие ќе направат и повеќе од тоа, и то­гаш веќе не ќе можеш да ги запреш.“

Антиох Петти и Лисиј во Јудеја(2 Мак 13,1-17)

28Царот се разгневи на овие зборови и ги собра сите свои пријатели, начал­ниците на пешаците и началниците на коњаниците;

29кај него дојдоа и наемните војници од други царства и од морските острови,

30така што неговата војска беше сто илјади пешаци, дваесет илјади коњаници и триесет и два слона, обучени за вој­на.

314,29Тие дојдоа преку Идумеја и пос­та­вија логор спроти Бет-Цур, долго го на­паѓаа, па дури направија и воени на­пра­ви, но тие од утврдениот град излегуваа, ги изгореа со оган и храбро се бореа.

32Тогаш Јуда отстапи од тврдината и постави логор во Ветзахарија, спроти царскиот логор.

33А царот, кога стана рано изутрината, бргу дојде со својата војска по патот на Ветзахарија; војските се подготвија за битка, трубите затрубија.

341 Мојс 49,11На слоновите им покажуваа сок од грозје и црници, за да се возбудат за битка.

35Слоновите ги разделија меѓу борбе­ните редови и покрај секој слон ставаа по илјада војници со железни оклопи и шлемови од бронза, а освен тоа, на секој слон се додаваа и петстотини најдобри коњаници;

36тие застануваа истовремено таму, каде што беше слонот, а кога тргнува­ше тој, тргнуваа и тие заедно со него, не одделувајќи се од него.

37На слоновите имаше врзано јаки одбранбени дрвени кули, врзани за нив со каиши, а во секоја од нив по четири мажи, кои се бореа одозгора – од сло­нот; со секој слон беше и неговиот Индиец.

38Другите, пак, коњаници ги размес­тија на обете крила од војската за да да­ваат знаци, да го вознемируваат непри­ја­телот и да ги покриваат воените редо­ви.

393 Цар 10,16Кога сонцето ќе удреше во златни­те и бронзените штитови, од нив ќе свет­неа горите, ќе светнеа како огнени светила.

40Едниот дел од царската војска беше разбиен по ридовите, а другиот – по нис­ките места, но се движеа по утврден ред и распоред.

41Сите се вознемирија кога ја слуш­наа бучавата на тоа множество и дви­жењето на таа голема војска и ѕвеч­ка­њето на оружјето, зашто војската беше голема и силна.

42Јуда со својата војска влезе во бој. Во царската војска паднаа шестотини војници.

43Тогаш Елеазар, нарекуван Аваран, виде еден слон покриен со царски ок­лоп, кој беше поголем од другите сло­нови и помисли дека самиот цар е врз него;

44Гал 1,4тој реши да се жртвува себеси за да го спаси својот народ и да придобие веч­но име;

45па притрча смело кон слонот, среде бојниот ред и убиваше десно и лево и се разбегаа од него – на едната и на другата страна;

46се вовлече под слонот, го прободе со својот меч и го уби; слонот падна врз него на земјата и го згмечи. Така загина тој таму.

47Јудејците, гледајќи ја големината и силата на царската војска, се отклонија од неа.

Опсадата на гората Синај(2 Мак 13,18-23)

48Царската војска тргна против нив во Ерусалим. Царот ја опседна Јудеја и гората Сион.

496,53; 2 Мојс 23,10-11; 3 Мојс 25,1-7Склучи мир со луѓето од Бет-Цур, кои излегоа од градот, зашто немаа хра­на за да можат да ја издржат опсадата, бидејќи беше саботна година за земјата.

50Царот го зазеде Бет-Цур и остави во него војска да го чуваат.

51Потоа, во текот на многу денови го опседнуваше светилиштето; таму пос­тави направи за исфрлање копја, камења и оган.

52Но и Јудејците поставија такви на­прави против нивните и се бореа со нив многу денови.

535,23.53-54Во скривалиштата веќе немаше храна, зашто беше седма година; Ју­деј­ците што беа избегале од другите краишта во Јудеја за да се спасат од незнабошците, ги беа потрошиле и последните резерви;

54во светилиштето останаа сосема малку луѓе, зашто завладеа глад, а дру­гите се разотидоа секој во своето место.

Антиох Петти им допушта на Евреите да живеат според нивните закони(2 Мак 13,23-26; 11,22-26)

55Слушна Лисиј дека Филип, на кого царот Антиох, уште додека беше жив, му го беше доверил својот син Антиох да го подготвува за царување,

56се вратил од Персија и Мидија, заедно со војските, кои го придру­жу­ва­ле царот и дека се обидува да завладее во царството.

57Затоа отиде бргу кај царот и му ре­че: „Ние секој ден сме послаби, резервата со храна помала, а местото што го опседнуваме е добро утврдено, но врз нас е и грижата за царството.

5811,50.62.66; 13,45.50Туку ајде да им ја подадеме нашата десница на тие луѓе и да склучиме мир со нив и со сиот нивен народ:

59да ги оставиме да живеат според нивните закони, како и пред тоа, зашто поради своите закони, кои ги укинавме, тие се разгневија на нас и го направија сево ова.“

60Царот и воените началници се сог­ласија со овој предлог и испратија луѓе да им предложат мир, кој тие го прифа­тија.

61Царот и началниците се заколнаа, потоа опседнатите излегоа од тврдината.

62Се искачи царот на гората Сион, откако ја разгледа тврдината на тоа место, ја погази својата заклетва и нареди ѕидовите да бидат урнати.

63Потоа бргу појде и, кога се врати во Антиохија, го најде Филип како владее со градот, го нападна, војуваше со него и го презеде градот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help