Исаија 59 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Осуда на социјалните неправди

1 50,2 Ете, раката на Господ не се скусила, та да не може да спасува, и увото Негово не отврднало, та да не мо­же да слуша.

250,1; 57,17; 5 Мојс 31,17-18; Ер 5,25Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша.

31,15; Пс 5,10; Јов 27,4; Изреки 6,17Зашто рацете ваши се осквернети со крв, а прстите ваши – со беззаконие; ус­тата ваша говори лага, јазикот ваш ис­кажува неправда.

4Пс 7,14; Јов 15,35Никој не го крева гласот за правда, и никој не се застапува за вистина: се надеваат на суетното и говорат лага, зачнуваат зло и раѓаат беззаконие;

514,29; Пс 57,2-9; Јов 8,14; Мт 3,7несат змиски јајца и ткаат пајажина; кој ќе ги изеде јајцата нивни – умира, ако, пак, ги скрши – отровна змија ќе исползи – од нив.

6Пајажините нивни не ги бива за об­лека, нема да се покријат со изработката своја; делата нивни се дела неправедни, а насилството е во рацете нивни.

751,19; Пс 13,3; Изреки 1,16; Рим 3,15-17Нозете нивни трчаат кон зло, брзаат да пролеваат невина крв; мислите нив­ни – се мисли нечесни; по патеките нив­ни – опустошување и погибел.

848,22; 57,21; Изреки 2,15; 10,9; Лк 1,79Тие не го знаат патот на мирот и на патеките нивни нема правда; патиштата им се искривени, и никој, кој оди по нив, не знае за мир.

Народот ги исповеда своите гревови

9 Ер 8,15; Амос 5,18-20; Јов 30,26; Јн 8,12 Затоа е и далеку од нас справед­ли­воста, правдата не стигнува до нас: че­каме видело, а тоа темнина, – светлина, а одиме во мрак.

105 Мојс 28,29; Ер 13,16; Соф 1,17; Јов 5,14; 12,25; Плач 3,6Го пипкаме ѕидот како слепи, одиме со пипкање како без очи; на пладне се сопнуваме како во мрак, меѓу живите сме како мртви.

1138,14; Ер 8,15; Наум 2,7Сите рикаме како мечки и стенкаме како гулаби, чекаме суд, а него го нема, – спасение, но тоа е далеку од нас.

12Ер 7,9; 14,7; Ос 5,5; Пс 50,4; Јов 16,8Зашто престапите наши пред Тебе се многубројни, гревовите наши све­до­чат против нас; со нас се престапите на­ши, беззаконијата наши ги знаеме.

13Ер 7,8Ние изневеривме и се одрековме од Господ и отстапивме од нашиот Бог; го­воревме клевета и насилство, зач­ну­вав­ме и раѓавме од срцата наши лажливи зборови.

14Амос 3,10; Пс 54,10-11И справедливоста отстапи назад, а правдата застана далеку; зашто вистината се сопна на плоштадот, чесноста не можеше да влезе.

Господ ќе го избави Својот народ

15 Јов 1,1.8; 2,3 И исчезна вистината, а кој се одда­ле­чува од злото, се изложува на ограбување. И Господ го виде тоа; и на очите не Му беше мило што нема правда.

1640,10; 51,5; 63,5; Ер 4,25; Пс 63,4И виде дека немаше човек, се чу­де­ше дека немаше застапник; тогаш Не­говата рака Му помогна и правдата Не­гова Го поддржа.

1761,10; Мудр 5,17-23; Ефес 6,14-17; 1 Сол 5,8И ја облече врз Себе правдата како оклоп, а на главата Своја го стави шле­мот на спасението; и се облече во ко­шу­ла на одмазда како во облека, се покри со ревност како со наметка.

1866,6; 5 Мојс 32,43; Наум 1,2Според делата, според делата ќе им даде Тој на противниците Свои – со ја­рост, на непријателите Свои – со одмазда, на островите ќе им го даде заслу­же­ното.

1924,14-15; 45,6; Мал 1,11; Пс 101,15И ќе се уплашат на запад од името на Господ, на исток – од славата Негова. Ако непријателот надојде како река, – духот на Господ ќе го истера.

2041,14; Зах 9,9; Рим 11,26И ќе дојде Искупителот за Сион и за синовите Јаковови, кои се одвратиле од нечесноста, вели Господ.

2151,16; 2 Цар 23,2; Ер 1,9; Рим 11,27И еве го заветот Мој со нив, вели Господ: Духот Мој, Кој е врз тебе, и зборовите Мои, што ги вложив во устата твоја, нема да излезат од устата тво­ја, од устата на потомството твое и од устата на потомците на твоето потом­ство, вели Господ, отсега и довека.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help