Сирахова 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Лажна сигурност

1 11,24; Пс 61,10; Јов 31,24-25; Лк 12,15-21 Не се потпирај на твоето богатство и не вели: „Доста ми е додека сум жив.“

2Не оди по своите желби и по твојата сила; не следи ги страстите на своето срце;

3Пс 11,4; Мудр 2,11не вели: „Кој што ми може?“ – зашто Господ ќе те казни.

4Проп 8,11-14; Рим 2,4; 3,25-26Не вели: „Ете, згрешив, па што ми стана?“ Знај дека Господ е долготрпелив.

5Не надевај се толку на тоа дека ќе ти биде простено; не натрупувај грев врз грев.

616,11; 2 Мојс 20,5-6; 34,6-7Не вели: „Милоста на Господа е го­лема: Тој ќе ми ги прости многуте мои гревови;“

7Ис 55,6-7; Лк 12,35-40зашто и милоста и гневот се во Не­го; Неговиот гнев се исипува врз греш­ниците.

8Ер 17,11; Изреки 10,2; Лк 9,25Не се колебај да се вратиш кај Гос­пода, не одложувај го од ден на ден тво­ето обраќање;

9зашто, ненадејно ќе дојде Божјиот гнев и ти ќе загинеш во времето на од­маздата.

10Мт 5,37; 1 Тим 3,8; Јк 5,12Не надевај се на имоти неправедно стекнати зашто тие нема да ти помогнат кога неволјата ќе те посети.

Обраќање кон одговорен човек

11 Јк 1,19 Не веј на секој ветар и не оди по си­те патеки; тоа го прави лицемерен грешник.

12Мих 7,16; Јов 21,5; Изреки 30,32Биди решителен во твоите убедува­ња; зборот твој да биде еден.

13Пс 5,9; Изреки 10,14; 18,7.21; Јк 3,6Биди подготвен да слушаш, и добро обмисли пред да одговориш.

14Изреки 18,8Ако знаеш, одговори му на својот ближен, а ако не знаеш, стави ја раката на својата уста.

15И славата и срамот доаѓаат од збо­ровите; во јазикот на човекот е неговата пропаст.

16Не биди клеветник и со јазикот свој не поставувај стапици.

17Крадецот го чека срам, а лицемерецот – тежок укор.

18Не бивај неразумен ни во големите, ниту во малите работи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help