Изреки 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Предупредување до неверната жена

1 4,20; 22,17 Синко, внимавај на мудроста моја и приближи го увото кон зборовите мои,

23,21; Мал 2,7за да ја запазиш добрата мисла, и ус­тата твоја да го зацврсти знаењето;

32,16; 5,20; 7,5; 22,14; Пс 54,21; Песна 4,11зашто мед тече од устата на неверна жена, и нејзината уста е помазна од маслиново масло;

4Сир 9,1-9но последиците од неа се горчливи како пелин, остри како меч со две сечи­ва;

52,18; 7,27нозете нејзини слегуваат кон смртта, стапките нејзини водат до пеколот.

630,20; 2 Птр 2,14Таа не оди по патот на животот, па­тиштата нејзини се непостојани, таа е неразумна.

77,24; Пс 118,102Затоа сега, синко, послушај ме и не отстапувај од зборовите мои.

87,25Држи го подалеку од неа патот свој и не приближувај се до вратата на ку­ќа­та нејзина,

9Сир 23,21за да не си го дадеш животот свој на друг и годините свои на мачител;

10Сир 9,6; Лк 15,13за да не се наситуваат туѓинците од твојата сила, и работата твоја да не биде за туѓа куќа,

117,22-23; 31,3за да офкаш отпосле, кога плотта твоја и телото твое ќе бидат истоштени, –

121,7.22.25.29; 12,1зашто потоа ќе речеш: „Зошто ја мразев поуката, и срцето мое го презираше разобличувањето,

131,29-30зошто не го послушав гласот на мо­ите учители, и не го приклонував увото кон оние што ме поучуваа?

146,33За малку ќе паднев во секакво зло среде собранието и општеството!“

Љуби ја жената на својата младост

15 Ис 36,16 Пиј од водата на твојот извор и од онаа, што извира од твојот кладенец.

16Ер 14,1-6Нека не се разлеваат твоите извори по улицата, водните потоци – по плош­тадите;

174 Мојс 20,19; 21,22; 5 Мојс 2,28нека ти припаѓаат тие само тебе, а не и на туѓинци.

185 Мојс 24,5; Ис 62,5; Проп 9,9Благословен да биде изворот твој; и утешувај се со жената на својата младост.

19Песна 2,7; 3,5; 4,5; 7,4Нека ти е мила како кошута и како срна драга; нејзините гради нека те до­пираат во секое време, со љубовта неј­зина насладувај се постојано;

202,16; 5,3; 6,24; 7,5; 23,27и зошто ти е, синко, да се забавуваш со надворешна и да ги прегрнуваш гра­ди­те на туѓа?

2115,3; 17,3Зашто патиштата на човекот се пред очите на Господ, и Тој ги гледа си­те патеки негови.

221,31-32Беззаконикот го фаќаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гре­вот негов го држат:

23Јов 4,21; 36,12тој умира без да биде поучен, и по­ради големото свое безумие загинува.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help