Даниил 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ново откровение

1 1,7.21 Во третата година на перси­ски­от цар Кир дојде откровение до Даниил, кој се викаше Валтазар, и вистинско беше тоа откровение и со го­лема сила. Тој го разбра тоа откровение и го објасни тоа видение.

29,3; 1 Езд 9,4; Неем 1,4Во тие дни јас, Даниил, тагував цели три седмици.

3Богата храна не јадев; месо и вино не влезе во устата моја, и не се мачкав со масла додека не завршија трите седмици.

412,5; 1 Мојс 2,14А во дваесет и четвртиот ден од пр­виот месец, се најдов покрај брегот на големата река Тигар;

58,3; Ез 9,2; Откр 15,6ги кренав очите угоре и видов: ете еден човек, облечен во ленена облека, а крстот му беше препашан со офирско злато.

6Ез 1,7.26-28; Мт 17,2; 28,3; Откр 1,13-15; 19,12Телото негово изгледаше како то­паз, лицето – како светкавица – очите му беа како запалени светила, рацете не­го­ви и нозете негови изгледаа како сјаен бакар и гласот на зборовите негови ка­ко глас на многу луѓе.

74 Цар 6,17-20; Дела 9,7И само јас, Даниил, го видов тоа видение, а луѓето што беа со мене не го ви­доа тоа видение; но страв голем ги об­зе­де, и тие избегаа за да се сокријат.

8Авак 3,16; Јов 4,14-15Останав сам и го гледав тоа големо видение, но во мене не остана сила и ли­цето ми пребледе многу, не остана во мене бодрост.

98,18; 9,23; Мт 17,6И го чув гласот на зборовите негови; и штом го чув гласот на зборовите не­гови, ненајдено паднав во несвест и ле­жев со лицето кон земјата.

10Ер 1,9; Откр 1,17Но ете, рака една се допре до мене и ме исправи на колената мои и на длан­ките од рацете мои.

119,23; Ез 2,1-2Па ми рече тој: „Данииле, сакан чо­веку, задлабочи се во зборовите што ќе ти ги кажам, и исправи се на нозете свои, зашто кај тебе сум денеска ис­пра­тен.“ Штом ми ги кажа тие зборови, јас станав растреперен.

123 Мојс 16,31; Ис 65,24; Мт 14,27Но тој ми рече: „Не бој се Данииле! Од првиот ден кога го управи срцето свое за да постигнеш разбирање и да се понизиш пред твојот Бог, зборовите твои беа услишени, и јас сакав да дојдам според зборовите твои.

1310,21; 12,1; Ис 24,21Но кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден; но Михаил, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне зашто јас бев таму сам, кај персискиот цар.

149,22; Ез 12,27; Авак 2,3А сега дојдов да ти соопштам, што ќе се случи со твојот народ во последни­те времиња, зашто видението се однесува за далечни дни.“

15Ез 24,27; Лк 1,20Додека ми зборуваше такви збо­ро­ви, јас гледав во земјата, без да изустам збор.

16Ис 6,7; Ер 1,9Но ете, еден сличен на синовите чо­вечки се допре до усните мои и јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: „Господаре мој, од ова видение ут­робата во мене се преврте и во мене не остана сила.

174,19Па како може слугата Твој, Гос­по­ди, да зборува со мојот Господар? Заш­то во мене нема сила, и останав без здив.“

188,18Тогаш пак се допре до мене тој чо­вечки лик, ме поткрепи

195 Мојс 31,7.23; 2 Мак 11,21; Дела 15,29и рече: „Не бој се, сакан човеку, мир да имаш; охрабри се, охрабри се!“ и кога зборуваше тој со мене, јас се за­кре­пив и реков: „Зборувај, Господи мој, зашто ти ме поткрепи.“

208,21; 11,2И тој ми рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? сега ќе се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ќе завршам, ќе дојде кнезот на Јаван.

21Но јас ќе ти соопштам што е на­пи­шано во вистинското писмо; и нема ни­кој друг, што ќе ми помогне во тоа, ос­вен Михаил, вашиот кнез.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help