1 21,28-32; Ер 49,1-6; Амос 1,13-15; Соф 2,8-11 И дојде слово Господово до мене:
2Откр 10,11„Сине човечки, сврти го лицето свое кон синовите Амонови и кажи пророштво против нив,
3и речи им на синовите Амонови: Чујте го словото на Господ Бог: така вели Господ Бог – бидејќи за Моето светилиште се вели: ‚о, о,‘ а тоа е навреда и за израилската земја, зашто таа е опустошена, и за домот Јудин, бидејќи тие отидоа во ропство.
4Затоа, еве, Јас ќе те дадам во наследство на синовите од Исток и ќе направат кај тебе колиби, ќе распнат кај тебе шатори и ќе ги јадат плодовите твои и ќе го пијат млекото твое.
5Рава ќе ја направам обор за камили, и синовите Амонови – овчари, па ќе познаете дека Јас сум Господ.“
6Затоа вака вели Господ Бог: „Бидејќи ти плесна со рацете и тропна со ногата, со сиот презир кон земјата израилска, душевно се зарадува,
7еве, Јас, ќе ја протегнам раката Своја против тебе и ќе те предадам да те разграбаат народите, и ќе те истребам од бројот на народите и ќе те избришам од бројот на земјите; ќе те уништам и ќе познаеш дека Јас сум Господ.“
Пророштво против Моав8 Ис 15–16; 25,10-12; Ер 48; Амос 2,1-3; Соф 2,8-15 Така вели Господ Бог: „Бидејќи Моав и Сеир велат: ете и домот Јудин е како сите народи.
9Еве, Јас ќе ја откријам земјата моавска од крај до крај, за да остане без градовите што им беа украс на земјата: Бет-Јешимот, Ваал-Меон и Кирјатаим,
10на синовите од Исток и ќе им го дадам во наследство заедно со синовите Амонови, та синовите Амонови да не се спомнуваат повеќе меѓу народите.
11И Моав ќе го судам, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“
Пророштво против Едом12 35,1-15; Ис 34,5-17; Ер 49,7-22; Амос 1,11-12; Авд 1,1-14; Мал 1,2-5 Така вели Господ Бог: Бидејќи Едом жестоко му се одмаздуваше на домот Јудин и тешко згреши, со тоа што им се одмаздуваше,
13вака вели Господ Бог: „Ќе ја протегнам раката против Едом и ќе ги истребам во него луѓето и добитокот и ќе го направам пустина. Од Теман до Дедан, сите ќе паднат од меч.
14И ќе му се одмаздам на Едом преку раката на Мојот народ Израил; и тие ќе дејствуваат во Едом по Мојот гнев и Мојата јарост, па ќе го познаат Моето одмаздување“, вели Господ Бог.
Пророштво против Филистеја15 Ис 14,29-31; Ер 47,1-7; Јоил 3,4-8; Амос 1,6-8; Соф 2,4-7; Зах 9,5-7 Така вели Господ Бог: „Затоа што Филистејците постапија со одмазда и се одмаздуваа со презир во душата за погибел, со вечна омраза,
16така вели Господ Бог – еве, ќе ја протегнам раката Своја над Филистејците, ќе ги истребам оние од Крит и ќе го уништам нивниот остаток покрај морскиот брег;
17и ќе извршам над нив голема одмазда со жестоки казни; па ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го извршам над нив Моето одмаздување.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.