1 Летописи Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Вовед Првата и Втората книга Летописи кај Евреите се сметале за една книга, која била поделена на два дела, од проста причина што текстот не можел да се собере на еден свиток. Овие две книги ја опишуваат историјата на Израил од времето на Адам, па сѐ до присилното иселување во Вавилон.Главна личност во оваа книга е царот Давид. Тој го претворил Ерусалим во центар во кој се славел Господ Бог. Нему му се припишува и заслугата за изградбата на храмот во Ерусалим, иако всушност бил изграден од неговиот син Соломон. Царот Давид многу успешно го организирал и политичкиот и верскиот живот во Израил.Првата книга Летописи содржи имиња и родословија од Адам, па сѐ до царот Саул – претходникот на Давид (1–9). По смртта на Саул (10), преостанатиот дел од оваа книга (11–29) главно е посветен на животот и владеењето на царот Давид. Опишани се детали од неговата младост, конфликтот со царот Саул, седумипол годишното владеење на Давид во градот Хеврон, преместувањето на престолнината во Ерусалим, епизодата со Витсавеја, бунтот на неговиот син Авесалом итн. Во завршниот дел на оваа книга (21–29) опишани се подготовките на Давид за изградбата на храм во Ерусалим и упатствата што тој му ги дал на својот син и престолонаследник Соломон.Во оваа книга Давид е посочен како пример на верност и послушност кон Господ. На крајот од своето владеење, Давид Му оддава јавна благодарност на Господ и Го прославува пред целиот народ (29,10-12).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help