1 4 Мојс 1,1; 3,14; 33,15 Во првиот ден од третиот месец, откако излегоа синовите израилски од египетската земја, во ден на млада месечина, стигнаа во Синајската Пустина.
23,1; 17,1; 19,17; 4 Мојс 33,15; 5 Мојс 5,2-4Поаѓајќи од Рефидим, дојдоа во Синајската Пустина, и се улогори Израил таму спроти гората.
33,4И Мојсеј се искачи кај Бога, и му се јави Господ, велејќи: „Кажи му на домот Јаковов, и извести ги синовите на Израил:
45 Мојс 4,34; 29,2; 32,11; Ис.Н. 24,7; Ис 31,5; 40,31; 46,5; Откр 12,14‚Сами видовте што им направив на Египќаните и како ве изнесов на крилја орлови, ве прибрав кај Себе.
59,29; 15,26; 34,9; 1 Мојс 17,9; 5 Мојс 6,3; 10,14-15; Ер 7,23; 1 Кор 10,26Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот Мој, ќе Ми бидете избран народ меѓу сите народи, зашто Моја е целата земја.
65 Мојс 7,6; 26,19; 28,9; Ис 61,6; 62,12; 1 Птр 2,5.9; Откр 5,10И вие ќе Ми бидете царство на свештеници и свет народ.‘ Тоа се зборовите, што ќе им ги кажеш на синовите израилски.“
74,30; 3 Мојс 9,1; 1 Цар 8,10Потоа Мојсеј дојде и ги повика народните старешини; и им ги изложи сите овие зборови, што му ги заповеда Господ.
85 Мојс 5,27; Ис.Н. 24,16-24И сиот народ одговори еднодушно и рече: „Сѐ што рекол Господ ќе направиме.“ Тогаш Мојсеј Му ги соопшти на Господ зборовите на народот.
914,31; 19,16; 20,21; 24,15-16; 5 Мојс 4,11; Пс 98,7; Сир 45,5А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, Јас ќе дојдам кај тебе во густ облак, за да чуе народот, како ќе зборувам со тебе, па да ти поверува засекогаш.“ Зашто Мојсеј Му ги беше соопштил на Господ зборовите народни.
Бог му се јавува на Мојсеј на планината Синај10 19,14.22; 1 Мојс 35,2; Евр 10,22; Откр 22,14 И му рече Господ на Мојсеј: „Појди кај народот (извести го) и освети го денес и утре; и нека ги исперат облеките свои;
1119,16; 24,16; Неем 9,13и нека се приготват за третиот ден, зашто во третиот ден ќе слезе Господ на Синајската Гора пред сиот народ,
1219,23; Евр 12,20а ќе поставиш граници за сиот народ од сите страни и ќе им кажеш: ‚Пазете да не се качувате на планината и да не се допирате до подножјето нејзино; секој, кој ќе се допре до планината, ќе загине.
1334,3; 1 Лет 15,28; Евр 12,20Никаква рака да не се допре до него, туку со камења да биде убиен или со стрела да биде застрелан; добиток ќе е или човек, жив да не остане. А кога трубата ќе затруби отегнато (кога облакот ќе се крене од планината), тогаш ќе можат да се качат на планината.‘“
14И Мојсеј слезе од планината кај народот и го освети народот; и тие ги испраа облеките свои.
151 Цар 21,3-4И му рече на народот: „Бидете готови за третиот ден; и не приближувајте се до жена!“
161 Цар 2,10; 14,15; Ис 29,6; Пс 98,1; Евр 12,18-19.21А третиот ден, на осамнување, загрме и молњи засветкаа, и настана густ облак над планината, и затруби труба со многу силен глас, така што затрепери сиот народ, кој беше во логорот.
1719,2; 5 Мојс 4,11Тогаш Мојсеј го изведе народот од логорот, за да Го пресретне Бога; и застанаа во подножјето на планината.
1820,18; 5 Мојс 4,11.33.36; 5,2-5.25-31; Суд 5,5; 2 Цар 22,8; Ис 64,3; Ер 4,24; Наум 1,5; Авак 3,6.10; Агеј 2,6; Пс 17,7; 67,7-9; 104,32; Евр 12,18; Откр 9,2А Синајската Планина целата беше во дим, зашто Господ беше слегол на неа во оган; и дим се креваше од неа, како дим од печка; и целата планина силно се тресеше;
1919,9; 5 Мојс 4,33; Пс 80,7и гласот на трубата стануваше сѐ посилен. Мојсеј зборуваше, а Господ му одговараше гласно.
20И Господ слезе на планината Синај, на врвот од планината, и го повика Господ Мојсеј на врвот од планината. Мојсеј се искачи.
2124,10-11; 33,20; 4 Мојс 4,20Тогаш Бог му рече на Мојсеј: „Слези и кажи му на народот да не навалува за да Го види Господа, та да не изгинат мнозина од нив;
223 Мојс 10,3; 2 Лет 29,5а свештениците, кои пристапуваат кон Господ, нека се осветат, за да не ги погуби Господ.“
23Тогаш Мојсеј Му рече на Господ: „Не ќе може народот да се качи на Синајската Планина, бидејќи Ти изрично нѐ опомена, велејќи – омеѓи ја гората и освети ја.“
2424,1.9Но Господ му рече: „Оди, слези, па тогаш качете се ти и Арон со тебе; а свештениците, пак, и народот нека не навалуваат да се качат при Господ, за да не загинат.“
25И слезе Мојсеј кај народот и му објасни.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.