1 Тимотеј 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Должности кон верниците

1 3 Мојс 19,32 Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа;

2Постарите жени – како мајки, младите – како сестри, со сета чистота.

3Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици.

4Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им возвратат со дар на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно за Бога.

5Ер 49,11; Јудита 8,4-5; Лк 2,37А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе.

6Откр 3,1Но онаа, пак, што живее рас­пуш­тено, таа умрела уште додека е жива.

7Порачувај им го уште и тоа, да би­дат беспорочни.

8Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се од­ре­кол од верата и полош е од безверник.

9Во попис да се запише само таква вдовица која не е помлада од шеесет години, и ако имала само еден маж,

10Јн 13,14; Дела 9,13; Евр 13,2и има сведоштва за добри дела; от­хра­­нила деца, била гостољубива, миела нозе на светии; ако им помагала на пос­традани и на секое добро дело усрдно се посветувала.

11А помлади вдовици не примај, заш­то кога страстите ќе ги одвратат од Христа, ќе посакаат да се мажат.

12Тие заслужуваат осуда, зашто ја отфрлиле порано дадената верност.

132 Сол 3,11Освен тоа, шетајќи од куќа до куќа, навикнуваат да бидат безработни; и не само безработни, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега.

14Тит 2,8Заради тоа, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да бидат домаќинки и да не му даваат никаков повод на противникот за хулење;

15зашто некои веќе скршнаа по са­та­ната.

16Ако некој верник или верничка има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, за да не се товари Црквата, па да може да пригледува вистински вдовици.

За презвитерите

17 1 Сол 5,12 А презвитерите, што добро ја извршуваат својата управителска служ­ба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние кои се трудат во словото и во поуката.

185 Мојс 25,4; Лк 10,7; 1 Кор 9,9Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата.“

195 Мојс 19,15; Мт 18,16; 2 Кор 13,1Обвинение против презвитери не прифаќај, освен пред двајца или тројца сведоци.

20Гал 2,14А оние што грешат, искарај ги пред сите, па и другите да имаат страв.

21Те заколнувам пред Бога, пред Гос­под Исус Христос и пред избраните ан­гели да го пазиш ова без предрасуда и ништо да не правиш по пристрасност.

22Раце на никого не полагај пребрзо, ниту, пак, на туѓи гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист!

23Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања!

24Гревовите на некои луѓе се јасни и однапред ги водат на суд, а на некои по нив одат.

25Мт 5,16; 10,26Исто така и добрите дела се јасни; а оние што не се такви, не можат да се сокријат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help